Поплави во Словенија: Граѓаните ги чистат објектите, следува санација / Photo: AA

По неколку дена откако Словенија беше погодена од најтешката природна катастрофа во својата историја, граѓаните со помош на државните служби работат на санирање на штетите, за што поскоро да се нормализира животот. Срушени делови од патишта, оштетени станбени и деловни објекти, уништени автомобили сѐ уште се видливи во словенечките општини Назарје и Љубно, во покраината Штајерска.

Надојдените реки Дрета и Савиња на подрачјето на Назарје однесоа сѐ пред себе, а во санирањето на последиците од поројните поплави помагаат војската, цивилната заштита, пожарникарите и самите граѓани.

Јожеф Празик живее во близина на Назарје. Како што изјави за новинарот на Анадолу, поројната поплава го однела објектот на локалната автобуска постојка на неколку десетици метри од првобитната положба.

Расчистувањето ќе трае со недели

Како што изјави, поплавата во потполност на неколку дена го блокираше сообраќајот, штетите се огромни, а веќе пет дена се работи на санирање на штетите.

Катја Горјанц е припадник на доброволната противпожарна единица од Крањ, а со колегите дошла во Назарје да пружи помош на локалното население.

Според нејзините зборови, штетите се огромни и процесот на расчистување ќе трае со недели.

AA
Популарни