10 милиони девојчиња се во ризик од стапување во малолетнички бракови     Фото: АП

Родовата нееднаквост помеѓу мажите и жените започнува од најмала возраст. На десетгодишнината од одбележувањето на Светскиот ден на девојчињата, Обединетите Нации предупредуваат дека во наредните години најмалку 10 милиони девојчиња се во ризик да бидат дел од малолетнички бракови.

Затоа 11 октомври е резервиран како Mеѓународен ден за подобрување на родовата еднаквост за девојчињата и девојките и овозможување соодветни услови за нивно рамноправно третирање во општеството, заштита на нивните права и создавање можности.

Најизразените родови нееднаквости кај девојчињата и девојките

Според информациите со кои располага ОН, се повеќе се зголемува јазот на користење интернет меѓу девојчињата и момчињата, од 13% во 2013 година на 17% во 2019 година. Јазот во најмалку развиените земји изнесува дури 43%

Најчести жртви на сексуална злоупотреба се девојчињата, или 72% од вкупниот број на жртви

Помалку од 15% од студентите на СТЕМ насоките (наука, технологија, инженерство и математика) се девојки во две третини од земјите во светот

TRT Balkan
Популарни