Претставникот на УНХЦР во Скопје, Габриел Гуалано де Годој, придружуван од неговата делегација, го посети кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), информираа од ИБУ.
Делегацијата на УНХЦР оствари средба со проф. д-р Лутфи Сунар, ректорот на ИБУ.
За време на средбата, како што е соопштено, ректорот Сунар беше придружуван од проректорите проф. д-р Снежана Билиќ, доц. д-р Мевлудин Ибиш, и доц. д-р Сејхан Муртезан Ибрахими.
Во рамки на средбата се разговараше за соработката меѓу две институции, меѓу другото и за обезбедување посебни можности за стипендирање на бегалците во следната академска година.
Исто така, проректорите доц. д-р Мевлудин Ибиш и доц. Проф.д-р Сејхан Муртезан Ибрахими ги информираше гостите за можностите и капацитетите на ИБУ.
„Како резултат на оваа посета, ИБУ вети дека ќе обезбеди 5 целосни стипендии за студенти бегалци во Северна Македонија за академската 2024/2025 година“, се вели во соопштението на универзитетот.