ИБУ со нови проекти успешно чекори во светот на образованието / Photo: AA Archive

Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во просториите на универзитетскиот кампус во Скопје организираше средба со медиумите на која ја претстави својата визија и мисија, а потоа информираше за тековните активности и идните проекти кои ќе придонесат за развојот на образованието на студентите.

На почетокот на средбата преку промотивното видео беше прикажана промоција на универитетот, департманите за студирање, универзитетскиот кампус, како и позитивната атмосфера во која студентите го поминуваат своето време додека се стекнуваат со нови знаења и вештини.

Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје организираше средба со медиумите ТРТ Балкан

Проф. Др. Лутфи Сунар, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет во своето обраќање на средбата инстакна дека терминот „интернационален“ инкорпориран во називот на универзиетот не е воопшто случајно избран.

„Ние работиме со таа идеја овој универзтет да е интернационален од секој аспект и тоа го развиваме на секое поле од нашето работење“, рече ректорот Сунар. Тој информираше дека на ИБУ во моментот има студенти од повеќе од 20 различни земји, како и дека 60% од студените се од различни земји. Освен од земјите од балканскиот регион и Туркије, на универзитетот има студенти и од географски многу подалечни држави.

Меѓународен балкански универзитет во Скопје AA Archive

„Доколку прошетате низ универзитетскиот кампус ќе слушнете различни јазици. Ова навистина им овозможува на студентите да имаат различни конекции“, нагласи Сунар, објаснувајќи дека универзитетот на некој начин го отсликува идентитетот на државата богата со различните култури, различните јазици и религии.

„Оваа различност кај нас, не е само во делот на студентите, туку и во делот на административниот и академскиот кадар“, истакна Сунар потсетувајќи дека ИБУ годинава одбележува 18 години од своето постоење. Според него, доколку порано мисијата на универзитетите била студентите да се стекнат со диплома, во последно време со развојот на технологијата, интернетот и вештачката интелегенција, светот влегува во една нова ера, во која и универзитетите на глобално ниво треба да се трансформираат според актуелните потреби.

Најава на нови проекти на ИБУ

Во тој контекст, ректорот на ИБУ најави дека оваа година почнуваат да да спроведуваат нови проекти.

„Почнавме да имаме нов образовен менталитет кој е надвор од границите на универзитетот, туку е заедно со општеството. Тоа значи дека отвораме простор на студентите тоа што ќе го научат во нивниот секојдневен живот, да го внесат во универзитетот. За да го спроведеме тоа требаше да направиме трансформации во секој дел на универзитетот. Ние тука имаме многу развиен кампус, најголемата конференциска сала е тука. До крајот на февруари ќе ја основаме најголемата универзитетска лабораторија, а основаме и медиумски центар кој ќе биде најголем од сите универзитети“, најави Сунар.

Поконкретно, тој најави дека околу 20 март ќе биде свеченото отворање на лабораторијата, околу 15 април ќе биде свеченото отворање на центарот за иновации.

Прв „грин кампус“ на ИБУ

Во поглед на растот на бројот на студентите на ИБУ, ректорот Сунар рече дека на овој универзитет расте бројот на студентите не само од земјите од Балканот и Туркије.

„Расте бројот на домашните студенти кои се од земјава и тој рест е од околу 30-40 проценти“, информираше ректорот Сунар, кој меѓудругото рече дека ИБУ од јуни оваа година ќе го има првиот грин универзитетски кампус, со што универзитетот сам ќе се снабдува со енергија.

TRT Balkan
Популарни