На Универзитет во Ирска ќе може да се добие диплома за инфлуенсер

На Универзитет во Ирска ќе може да се добие диплома за инфлуенсер

Универзитетот во Карлоу ја нуди првата диплома во земјата за влијание на социјалните мрежи
И инфлуенсерите на Универзитетот во Ирска ќе добијат диплома / Photo: SETU

Југоисточниот технолошки универзитет (SETU) во Карлоу ја започнува првата инаугуративна програма за стекнување диплома за создавање содржина и социјално вмрежување.

Универзитетот во Карлоу ќе биде првиот каде ќе може да се добие диплома за влијание на социјалните медиуми во земјата.

Д-р. Елеонор О’Лири од овој универзитет изјави дека се повеќе луѓе работат како инфлуенсери или креираат содржини за различни брендови.

Додипломските студии за уметноста во создавање содржина и социјални медиуми ќе се отвори за апликации во ноември. Првата група студенти е предвидена за во септември 2024 година.

Темите опфатени во четиригодишниот образовен процес вклучуваат деловни вештини, видео и аудио уредување, критички културни студии и креативно пишување.

Во интервју за ирската телевизија RTE, др. Елеонор О'Лири, предавач за медиуми и комуникации на универзитетот, рече дека има зголемен интерес за оваа област и од потенцијалните студенти и од работодавците.

О'Лири рече дека студентите ќе можат да работат за себе како самовработени инфлуенсери или да создаваат содржина за компании или организации.

Од 2019 година вредноста на овој сектор се удвои во глобалната вредност и се проценува дека вреди помеѓу 14 и 16 милијарди евра (12 милијарди фунти до 14 милијарди фунти) ширум светот, рече д-р О'Лири.

Тоа е поле кое има специфичен сет на вештини“, рече таа.

„Тоа се потпира на постоечките медиуми и вештини за односи со јавноста и маркетинг, но исто така е ново поле само по себе“, рече О'Лири.

Таа смета дека иако понекогаш луѓето можат да станат инфлуенсери речиси случајно, курсот има за цел да ги едуцира студентите за тоа како да ја задржат публиката и како да работат со компании за да заработат.

„Како некој кој е „инфлуенсер“, кој создава содржина дома или самостојно, можеби нема никакво разбирање за целиот тој дел од индустријата каде што има договори, агенции и бизнис“, рече О'Лири .

TRT Balkan / агенции
Популарни