Усогласена европската регулатива за единствен дигитален идентитет - Фото: ТРТ Балкан

Европските граѓани на располагање ќе имаат уникатен дигитален идентитет со кој ќе може да ги овластуваат сите лични документи, банкарски сметки и податоци, а притоа да бидат соодветно заштитени.

Европската Унија има амбициозна цел да биде прва во светот со ваква уницифирана дигитална платформа која ќе им биде на располагање на граѓаните, како и на компаниите.

eID (Европски дигитален идентитет), е начелно договорен во рамки на Советот на ЕУ и следен чекор ќе биде имплементирање на регулативата на ниво на земји членки. Со оглед на амбициите на Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан за влез во ЕУ може да се очекува подготовка за прифање на регулативата и во регионот.

„Со одобрувањето на европската регулатива за дигитален идентитет, правиме фундаментален чекор за граѓаните да имаат единствен и безбеден европски дигитален идентитет. Ова е клучен напредок за Европската Унија да биде глобална референца во дигиталната област, заштитувајќи ги нашите демократски права и вредности“, посочи Надиа Калвињо шпанската вицепремиерка за економија и дигитализација и член на Советот на ЕУ.

Се преку еден дигитален паричник

До 2030 година речиси 80 отсто од европските граѓани треба да го користат дигиталниот идентитет, а истовремено да имаат целосен пристап и до податоци како што се медицински записи.

Планот е и до крајот на декадата 100 отсто од граѓаните и бизнисите да имаат електронски пристап до јавните услуги.

Европскиот дигитален идентитет ќе функционира преку дигитален паричник. Со него корисниците ќе може да ги внесат документите за лична идентификација, возачките дозволи, банкарските картички за електронски и мобилни плаќања, но и многу други документи како што се дипломи, лиценци, одобренија, овластувања и итн.

Целта е едноставно со еден клик или допир на екранот да се потврди дигиталниот идентитет на корисникот и да се изврши овластување на документите кои се активни во дигиталниот паричник.

TRT Balkan
Популарни