На 21 ноември од 1996 година па наваму се одбележува Светскиот ден на телевизијата      Фото: / Photo: Getty Images

Обединетите нации од првиот Светски телевизиски форум на 21 ноември 1996 година го одбележуваат Светскиот ден на телевизијата со одлука на Генералното собрание. Целта на овој ден не е да се истакне технологијата зад емитување сигнал во етерот, туку за влијанието врз модерните општества и начинот на носење одлуки кај публиката.

Залепени пред телевизорот

Телевизијата била измислена во 1924 година од Џон Логи Берд. Телевизијата стана начин на дружење. Гледањето телевизија беше практика во домаќинството во која сите се собираа пред екранот за да ги гледаат своите омилени програми.

Телевизијата се уште се смета за еден од главните извори на информирање на масовната публика, иако се повеќе помладите генерации се насочуваат кон социјалните мрежи каде ги конзумираат вестите, реакциите и анализите за политичките и забавните содржини.

Сепак, и покрај налетот на социјалните мрежи и дигиталните медиуми, бројот на телевизиски гледачи ќе се зголемува во наредните години, а се поголем број на домаќинства ќе поседуваат телевизор. Според податоците на аналитичката куќа „Адвертајзинг и медиа аутлук“ до 2026 година пред „малите“ екрани ќе седат речиси 5,8 милијарди гледачи.

Затоа и телевизијата и натаму ќе биде еден од најважните медиуми за проследување информации и следење на глобалните настани, како и информирање за политичките, економските и општествените текови.

Дали телевизијата е пред гасење?

Познатата изрека вели дека „видеото ги уби радио ѕвездите“, па по тој логичен след на настаните „интернетот ги уби и телевизиските ѕвезди“. Поткрепа за ваквото тврдење има во кратењето на буџетите на огласувачите кои средствата за рекламирање се повеќе ги пренасочуваат кон социјалните мрежи и дигиталните медиуми.

Се смета дека огласите на новите канали се многу поевтини од класичните ТВ реклами, а освен надолниот тренд на помали делови од рекламниот колач, во наредниот период ќе бидат и економските прогнози за рецесија.

Таков е примерот во Велика Британија, каде се очекува во 2023 година две третини од најголемите телевизиски огласувачи да ги скратат рекламните буџети, открива анкетата на Здружението на британски огласувачи.

Така, компаниите за да ги намалат своите трошоци се очекува да кратат и на буџетите за ТВ огласи, што може дополнително да ги влоши состојбите во телевизиските редакции и средствата за емитување програма.

Загрижувачки глобален тренд е и промена на фокусот на публиката, како на пример во САД каде бројот на гледачи на стриминг програми го надмина бројот на гледачи на класична телевизија.

Исто така според податоците на компанијата за емитување програма „Некстстар“, просечната старост на гледачите на класичните ТВ канали се приближува до границата од 60 години, што значи дека помладата публика повеќе сака претплатничка содржина која може да ја гледа во кое време сака и по кој редослед сака, а не во фиксен термин.

TRT Balkan / агенции
Популарни