Полуфиналето на Копа Америка во 2024 година ќе започне во вторник со натпреварот Аргентина- Канада на стадионот МетЛајф во Њу Џерси.
Аргентина, актуелниот шампион на Копа Америка во 2021 година и Светскиот куп во 2022 година, се пласираше во полуфиналето откако во групната фаза веќе еднаш ја победи Канада со 2:0, Чиле со 1:0 и Перу со 2:0.
Избраниците на Лионел Скалони се пласираа во полуфиналето со победата на пенали против Еквадор со 4:2 (1:1).
Канада, која дебитира на Копа Америка по поразот од Аргентина го победи Перу со 1: 0, и ремизираа без голови со Чиле за второ место во групата А зад Аргентина.
Канада во четвртфиналето исто така на пенали ја елиминираше Венецуела со 4:3, откако натпреварот заврши 1:1.
Во другиот полуфинален натпревар, Уругвај и Колумбија ќе се сретнат во среда во Шарлот, Северна Каролина.
Колумбија е во одлична форма со 21 победа и пет ремија во последните 26 средби, а убедливо ја поразија Панама во четвртфиналето со 5:0.
Уругвај, пак, по подобро изведување на пенали го елиминираше фаворитот Бразил.
Финалето ќе се одигра на 14 јули на стадионот Хард Рок во Мајами, а натпреварот за третото место ќе се одржи на 13 јули во Шарлот, Северна Каролина.
Аргентина и Уругвај имаат по 15 титули на Копа Америка, додека Бразил има девет трофеи.