Белгија, следна станица на Формула 1 / Photo: Reuters

Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со тринаесеттата трка во сезоната што ќе се одржи во Белгија.

За Големата награда на Белгија на патеката „Спа-Франкошамп“, која е долга 7 километри и се наоѓа во селото Франкошамп во близина на градот Ставело, возачите ќе треба да возат 44 круга.

Утре, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи трката за пол-позиција, а спринт-трката ќе се одржи на 29 јули, сабота, во 16:30 часот.

Трката за Големата награда на Белгија е закажана за 30 јули, недела, со почеток во 15:00 часот.

Шестата трка, која требаше да се одржи во Емилија-Ромања, беше одложена поради поплавите во Италија.

Пред трката за Големата награда на Белгија, пласманот на возачите и тимовите е следниов:

Пласман на возачите:

1. Макс Верстапен (Холандија): 281 поен

2. Серџо Перез (Мексико): 171 поен

3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 139 поени

4. Луис Хамилтон (Велика Британија): 133 поени

5. Џорџ Расел (Велика Британија): 90 поени

Пласман на тимовите:

1. Ред Бул: 452 поена

2. Мерцедес: 223 поени

3. Астон Мартин: 184 поени

4. Ферари: 167 поени

5. Мекларен: 87 поени

TRT Balkan / агенции
Популарни