Турците до 70. минута имаа резултат кој ги носеше во следната фаза, но по црвениот картон на Ајхан се распаднаа и примија три гола / Photo: AA

Бенфика, Милан, Карабаг и Фрајбург се пласираа меѓу 16-те најдобри екипи во Европската лига, додека Сервет и Ајакс заедно со Динамо се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига.

Француските клубови доживеаја катастрофа во Лига Европа бидејќи испаднаа сите три претставници од Лига 1.

По 3:0 на Сан Сиро, на Рен му требаше вистинско чудо за да го совлада Милан. И тоа не се случи на крајот. Бенџамин Буриџо постигна хет трик, кој на крајот беше доволен за победа, но Леао и Јовиќ беа стрелци за Милан, кој оди понатаму.

Тулуз и Бенфика одиграа монотони 0:0, што му беше доволно на португалскиот гигант за пласман во наредниот круг по победата од 2:1 во првиот натпревар. Домашните ја имаа иницијативата, статистиката покажува дека имаа дури шест одлични шанси, ја погодија стативата, но не стигнаа до голот што ќе им донесеше барем продолженија.

А во Ленс од прва рака дознаа дека 2:0 е најопасниот резултат. По првиот дел имаа водство од 2:0 во Фрајбург и по 0:0 во првиот натпревар веќе беа со една нога во осминафиналето, но не стигнаа таму.

Германскиот тим не потклекна ниту по примениот гол во последните секунди од првото полувреме, бидејќи во вториот дел израмни со головите на Роландо Салаи, вториот во 92. минута. Натпреварот стигна до продолженија, а потоаГерманците славеа со голот на Грегорич во 99. минута.

Брага дојде на гости кај Карабаг по поразот од 4:2 на домашен терен, а ниту фактот дека играа со фудбалер повеќе не им помогна да го свртат двомечот во своја корист. Првиот дел заврши без голови, Карабаг повторно беше подобриот противник, додека Португалците не упатија ниту еден удар во рамката од голот. Во вториот дел домашниот дефанзивец Чафарчулиев успеа да заработи два жолти картони за само четири минути, меѓу 53. и 57. минута. Тогаш гостите нападнаа, па Фернандеш во 70. минута погоди за 0:1, а Џало ја удвои предноста во 83. минута и обезбеди дополнителни половина час. А потоа настана лудило, Карабаг постигна два гола дури и со играч помалку, па ниту голот на Банца не им значеше многу на гостите.

Пјер Емерик Обамејанг со голот против Шахтар во победата на Марсеј од 3:1, стана прв стрелец во историјата на Лига Европа, со 31 погодок во ова натпреварување. Зад него се Фалкао со 30 голови, Адурис и Лукаку со по 26, Дабур со 24, Гамеиро и Лаказет по 22, Џеко со 21, итн.

Францускиот тим го елиминираше Украинците, а во аут е и Галатасарај кој беше поразен во Прага од Спарта со 1:4. Турците дојдо во Чешка со победа од 3:2 и до 70. минута имаа резултат кој ги носеше во следната фаза. Но по црвениот картон на Ајхан се распаднаа и примија три гола.

Сепак, најголемо внимание привлекоа немилите сцени по средбата.

Кога англискиот судија Ентони Тејлор означи крај, се случи вистинска драма на теренот. Судејќи според единственото достапно видео, се создаде гужва во близина на клупата на Спарта. Абдулкерим, стоперот на гостите, имаше за што да разговара со противниците, додека присутните се обидуваа да го смират.

Меѓутоа, еден од членовите на Галатасарај влетал во толпата и со нога удрил противнички фудбалер во стомакот, по што удрениот играч го фатил за ногата и го фрлил на теренот. За среќа, вжештените страсти некако успеале да се смират.

На Спортинг и ремито 1:1 дома со Јанг бојс му беше доволно за да оди понатаму по убедливите 3:1 во првиот натпревар.

Во Рим, Рома и Феенорд играа продолженија откако по 90 минути на „Олимпико“ беше 1:1, идентично како и на првиот дуел во Холандија.

Сантијаго Хименез во петтата минута донесе водство за Феенорд, а израмни Лоренцо Пелегрини со прецизен шут од 20 метри. И покрај одличниот старт, мрежите повеќе не се тресеа ниту во регуларното време, ниту во продолжението.

На крајот, Рома победи откако во пенал рулетот даде четири гола, а Феенорд беше успешен само во два обиди.

Динамо Загреб одигра 1:1 против шпанскиот Бетис и тоа беше доволно за пласман во следната фаза од Конференциската лига на УЕФА затоа што Модрите, за коишто игра го добија првиот меч во Севилја со 1:0.

Јапонецот Канеко беше стрелец на голот со кој Динамо изедначи и го однесе хрватскиот првак во следната рунда и тоа со елиминирање на клуб од една од најсилните лиги на светот.

Ајакс со гол во 114-та минута се протна во следната фаза од Конференциската лига. Копјаниците на првиот меч губеа 0:2 и во судиското продолжение извлекоа 2:2, а вечерва одиграа 1:1, и тоа по водство, а Бодо/Глимт изедначи во 83. минута, кога на теренот двата тима имаа по десетмина играчи.

Сервет со минимален триумф во Бугарија го победи Лудогорец (првиот натпревар заврши 0:0). Штом започна натпреварот, Коња го шокираше домаќинот. Се играше шестата минута кога го постигна единствениот гол на натпреварот. Бугарите имаа апсолутна надмоќ во поседот, број на удари, создадоа неколку шанси, но не можеа да се извлечат од негатива.

Екипата на Молде ја оправда улогата на фаворит и со две победи над Легија Варшава патува во осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА. По триумфот пред својата публика од 3:2, норвешкиот тим беше сигурен и на гостувањето во Полска и извојува победа од 0:3.

Фудбалерите на Ројал Унион го приредија најголемото изненадување во плеј-оф фазата во Конференциската лига, бидејќи го елиминираа германскиот гигант Ајнтрахт Франкфурт. Ремито во Андерлехт од пред една седмица (2:2) го стави бундеслигашот во поволна ситуација, но незгодниот белгиски состав одново покажа карактер и квалитет и со победата од 1:2 останува во игра за трофејот во ова натпреварување.

Сигурна победа и пласман понатаму забележа и тимот на Штурм. Австрискиот претставник одново беше подобар од Словен Братислава и со вкупни 5:1 патува меѓу шеснаесетте најдобри во третото по ранг натпреварување на УЕФА. Вчерашниот натпревар во Братислава заврши со 0:1. Осминафинале обезбеди и Олимпијакос, кој со вкупни 2:0, по 1:0 на двата натпревари го елиминира тимот на Ференцварош.

Претходно завчера Гент и Макаби Хаифа играа 1:1, што ги квалификува Изрелците меѓу осминафиналистите по минималната победа во првиот меч.

AA
Популарни