Заха, поранешниот играч на Јунајтед, прв ја затресе мрежата на домаќините / Photo: AA

Галатасарај го победи Манчестер Јунајтед со 3-2 во натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА во вторникот на „Олд Трафорд“, со што забележа историска победа за турскiиот фудбалски великан.

За клубот од Истанбул ова беше прва победа во историјата на англиско тло.

Домашниот тим го постигна првиот гол во 17. минута кога данскиот напаѓач Расмус Хојлунд со силен удар со глава го совлада голманот на Галатасарај, Фернандо Муслера. Маркус Рашфорд му асистираше на Хојлунд.

Галатасарај брзо одговори. Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска Вилфрид Заха, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, ја искористи својата физичка сила над Диого Далот во петерецот и го постигна израмнувачкиот гол.

На пауза се замина со нерешен резултат, но новата напаѓачка ѕвезда на Јунајтед, Хојлунд постигна уште еден гол во 59. минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Сепак, Данецот во 67. минута уште еднаш им донесе водство на домаќините. Тој ја освои топката на половина терен кога дефанзивецот на Галатасарај, Давинсон Санчез се лизна. Хојлунд продолжи кон голот и по дриблинг го матираше Муслера.

Галатасарај повторно израмни со голот на Керем Актуркоглу по додавањето на Барис Алпер Јилмаз.

На гостите им беше досуден пенал во 76. минута откако Касемиро го фаулираше Дрис Мертенс, а Бразилецот беше исклучен поради втор жолт картон. Но, Аргентинецот Мауро Икарди промаши од белата точка.

Неколку минути подоцна, Икарди сепак запиша во листата на стрелците. Искусниот напаѓач постигна гол по грешката на одбраната на Манчестер Јунајтед, за победа на Галатасарај.

Турскиот тим сега има четити бода и е на второто место во групата А. Баерн Минхен среќно победи на гостувањето во Копенхаген со 2-1 и го задржа првото место во групата о шест бода во два меча.

Копенхаген е трет со бод. Манчестер Јунајтед е на дното во групата откако го загуби вториот натпревар по ред.

Дербито на вечерта се одигра во групата Ц во Неапол.

Реал Мадрид го победи Наполи со 3-2, благодарение на несреќниот автогол на голманот на домашните, Алекс Мерет.

Норвешкиот дефанзивец Лео Остигард го постигна водечкиот гол за Наполи во 19. минута на стадионот Диего Армандо Марадона.

Бразилската ѕвезда Винисиус Јуниор израмни во 27. минута, а гостите поведоа по извонредниот гол на Џуд Белингам, кој речиси од половина терен издрибла неколку домашни фудбалери и биеше неодбранливо во голот на Мерет во 34. минута.

Полскиот играч од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински погоди од пенал за израмнување во 54. минута. Реал Мадрид на победничкиот гол чекаше 20 минути, откако Валверде од далечина биеше силно во голот, но Мерет ја одби топката во сопствената мрежа.

Шпанскиот тим има шест бода во два меча и е лидер во групата. Второпласираниот Наполи и третопласираната Брага имаат по три бода. Унион Берлин е четврти без освоен бод.

Резултати од Лига на шампионите

Група А

Манчестер Јунајтед - Галатасарај 2-3

Копенхаген - Баерн Минхен 1-2

Група Б

Ленс - Арсенал 2-1

ПСВ Ајндховен - Севиља 2-2

Група Ц

Унион Берлин - Брага 2-3

Наполи - Реал Мадрид 2-3

Група Д

Салцбург - Реал Сосиедад 0-2

Интер - Бенфика 1-0

AA
Популарни