Дресот на Мајкл Џордан ќе биде понуден на аукција     Фото: Sotheby's

Дресот кој го носеше легендата на НБА, кошаркарот Мајкл Џордан во неговата последна сезона како кошаркар во 1997-1998 година во Чикаго Булс, ќе се понуди на аукција во септември за три до пет милиони долари, објави њујоршката аукциска куќа „Sotheby's“.

Аукцијата ќе се одржи во Љујорк од 6 до 14 септември, а далеку познатиот црвниот дрес на Џикаго Булс со број 23 кој го носеше Џордан, ќе биде преставен на публиката во Мотереји, во Калифорнија од 17 до 20 август, а потоа и во Њујорк на аукција во септември, се вели во соопштението на аукциската куќа.

„Сезоната 1997-1998 можеби е најдрагоцена за навивачите на Зоран бидејќи Мајкл беше на врвот, свесен дека тоа е последна шанса до Чикаго Булс да ја освои титулата во НБА, најсилната професионална машка кошаркарска лига“, истакна потпретседателот на „Sotheby’s“, Брахам Вочтер.

Дресот, проценет на три до пет милиони долари, е најголемата понуда за некој од дресовите на Џордан и за некој предмет од неговата колекција, наведува аукциската куќа.

Во октомври 2021 година во Лас Вегас оваа њујоршка куќа ги продаде патиките на Џордан „Nike Air Ships“, кои тој ги носеше на почетокот на кариерата во 1984-85 година за 1,472.000 милиони долари, што е највисока цена платена за патики носени на натпревар.

Со оваа астрономска цена срушен е претходниот рекорд од 615.000 долари, постигнат за патиките на Џордан „Nike Air“ во август 2020 година, на аукција на сопарничката куќа „Кристи“.

Мајкл Џордан (59) е светска кошаркарска ѕвезда и шесткратен првак во НБА со Чикаго Булс. Тој е идејниот творец на колекцијата на Најк „Air Jordan“, а денес е едно од најистакнатите имиња во индустријата на спортската мода. Мајкл Џордан се смета за еден од најголемите спортисти на сите времиња.

AA
HINA
Популарни