Един Џеко: Со доаѓањето во Фенербахче донесов вистинска одлука / Photo: Официјален сајт на Фенербахче

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во четвртокот на 22 јуни потпиша договор со истанбулскиот Фенербахче.

Џеко потпиша двегодишен договор со Фенербахче на стадионот Улкер во присуство на претседателот на клубот Али Коч, генералниот секретар Бурак Чаглан Кизилхан и спортскиот директор Марио Бранка.

Џеко претходно помина лекарски преглед, а во следните две сезони ќе заработи 4,2 милиони евра во жолто-темносиниот дрес.

Во изјава за ТВ Фенербахче, 37-годишниот Џеко рече дека донел правилна одлука со доаѓањето во Истанбул и дека е „среќен и горд што е дел од величественото семејство Фенербахче“.

„Се чувствувам одлично. Веќе знаев дека Фенербахче е голем клуб, но за краткото време што го поминав овде, сфатив дека ја донесов вистинската одлука и едвај чекам да излезам на теренот“, изјави Џеко.

Тој им вети на навивачите дека ќе го дадам максимумот од себе на секој натпревар и на секој тренинг.

TRT Balkan / агенции
Популарни