Тој изјави дека по неговиот трансфер во лондонски Арсенал биле шокирани кога го виделе договорот / Photo: Eduardo Alves Da Silva Facebook

Поранешниот репрезентативец на Динамо и Хрватска, Едуардо да Силва во сведочењето во аферата „Динамо 2“ против браќата Мамиќ за извлекување пари од клубот изјави дека договорот што го потпишал со агенцијата „Мамиќ спорт“ во 2001 година предвидувал во случај на неговата смрт, целиот негов имот и права би припаднале на Здравко Мамиќ.

Натурализираниот Бразилец во жупанискиот суд Осиек рече дека кога го потпишувал договорот сѐ уште не го зборувал добро хрватскиот јазик, па ниту го прочитал ниту го добил по потпишувањето.

Тој изјави дека по неговиот трансфер во лондонски Арсенал биле шокирани кога го виделе договорот.

„Можам да кажам само неколку делови, каде што беше договорено во случај на моја смрт целиот мој имот и права да му припаѓаат на Здравко Мамиќ, дека сѐ додека играм професионален фудбал агенцијата на Мамиќ има право на 25 отсто од моите заработката и дека Здравко Мамиќ може кога сака да пристапи до мојата тековна сметка“, сведочеше да Силва.

Иако на потпишувањето присуствувал и преведувач, Да Силва тврди дека ништо не му било објаснето за неговите договорни обврски кон Агенцијата, а договорот го потпишал бидејќи му верувал на тогашниот агент од Бразил.

Во аферата „Динамо 2“, за извлекување на пари од клубот како дел од злосторничко здружување, покрај Здравко и Зоран Мамиќ, кои се во бегство во Босна и Херцеговина и на кои им се суди во отсуство, меѓу обвинетите се и синот на Здравко, Марио Мамиќ и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ.

Здравко Мамиќ се товари дека дека ги организирал другите обвинети во злосторничко здружување од 2004 до 2015 година и го оштетил клубот со склучување фиктивни договори меѓу Динамо и неколку странски компании и издавање фактури за непостоечки услуги за трансфери на играчи, кои Динамо ги платил.

Сите се обвинети дека му нанеле штета на ФК Динамо од 25,8 милиони евра, а загрепскиот клуб е неосновано должен да плати уште милион евра.

TRT Balkan / агенции
Популарни