Фудбалерите на Зрињски од Мостар вчера беа поразени во Варшава од Легија со резултат 2:0 во натпреварот од четвртото коло од групата „Е“ на Конференциската лига на УЕФА.
Полскиот претставник одлично го отвори натпреварот и поведе во 14. минута со голот на Рафал Аугустинјак, а Жозуе по половина час игра од пенал зголеми на 2:0.
Во вчерашниот дуел од групата „Ц“ поразен е и загрепски Динамо.
„Сините“ и гостуваа на Чешка кај Викторија Плзен, која славеше со Томаш Чори ги доведе домашните во водство со голот од пенал во 35. минута. Се покажа дека 1:0 е конечниот резултат на натпреварот.
Во истата група Астана и Балкани одиграа без голови.
По малку неверојатно, но Динамо по четири меча има само три бода и моментално е на последното место во групата, зад Астана и Балкани, коишто имаат по четири бода, додека Викторија П’лзењ со 10 бода е сигурно прва во оваа група.
Српскиот претставник Чукарички и гостуваше на Фиорентина, која ја оправда улогата на фаворит и славеше со 1:0 на средбата од групата „Ф“.
Стрелец на единствениот гол за италијанскиот клуб беше Мбала Нзола во осмата минута.
Бешикташ и Бодо/Глимт се сретнаа во Истанбул во групата „Д“, а гостите победија со резултат 2:1.
Двоен стрелец за норвешкиот клуб беше Фарис Мумбања во 38 и 49, додека единствениот гол за домашните беше Тајфур Бингол во 64 минута.
Астон вила со 2:1 го победи Аз Алкмар и со оваа победа англискиот тим веќе може да се подготвува за нокаут фазата во третото по ранг натпреварување во европскиот клупски фудбал.
Бриж пред своите навивачи со 2:0 го победи Лугано, а Лудогорец пред своите навивачи славеше против Фенербахче со 2:0.
На гости се радуваа Макаби Тел Авив против Зорија со 3:1 и Гент кај Бреидаблик со 3:2.
Абердин на гостувањето во Солун кај ПАОК извлече реми 2:2, но тоа не беше доволно зашто шкотскиот тим има само два бода од четири меча и веќе нема шанси да биде на една од првите две позиции во групата во која ПАОК и Ајнтрахт Франкфурт ќе продолжат во нокаут-фазата.