Елмас потпиша за германскиот Лајпциг / Photo: Leipzig

Германскиот фудбалски прволигаш Лајпциг денес го претстави Елиф Елмас по што тој официјално е нов член на бундеслигашот.

„Добредојде Елиф Елмас“, му посакаа на Елмас од Лајпциг.

Македонскиот фудбалски репрезентативец потпиша долгорочен договор до 2028 година. Играчот од средниот ред ќе го носи дресот со број 6.

„Со обезбедувањето на потписот на Елиф Елмас, успеавме да пополниме важна позиција во нашиот напад по заминувањето на Емил Форсберг. Го следевме некое време бидејќи тој е интересен играч. Сметаме дека совршено ќе се адаптира на тимот ќе може веднаш да му помогне со својот квалитет. Техничката способност на Елиф е неверојатна. Може да игра по средината, но е подеднакво успешен на крилните позиции“, објави Лајпциг.

Елмас доаѓа во Лајпциг од Наполи, а претходно играше во турскиот Фенербахче. Дваесет и четиригодишниот фудбалер ќе ќе му се приклучи на германскиот тим на 2 јануари во Шпанија во тренинг кампот во „Ла Магна“.

TRT Balkan / агенции
Популарни