Англија вторпат по ред ќе игра финале на Европското првенство, откако на претходното, на кое беа домаќини, беа поразени од Италија / Photo: AA

Англија и Шпанија ќе играат во неделното финале на Европското првенство во Берлин, откако во полуфиналето во Дортмунд, Англичаните ја победија Холандија со 2:1 (1:1).

Холандија поведе во седмата минута кога Чави Симонс постигна многу убав гол. Англија израмни во 18. минута откако Хари Кејн погоди од белата точка. Се до 90. минута беше 1:1, кога резервистот Оли Воткинс стана англиски херој стана по голот за конечно славје и 2:1.

Така Англија стигна до финалето на ист начин како и Шпанија претходниот ден. Со пресврт од 0:1 на 2:1. Англија вторпат по ред ќе игра финале на Европското првенство.

Во последното, на кое беа домаќини, беа поразени од Италија по изведување на пенали.

Холандија и Англија одиграа исклучително возбудливо и квалитетно прво полувреме. Играта изобилуваше со ритам, добри акции и шанси, а моментот од седмата минута веројатно многу влијаеше на се.

Тогаш Холандија поведе со одличниот гол на Чави Симонс, кој најпрво му ја украде топката на Рајс на 35 метри од англискиот гол по што се спушти во шеснаесетникот и силно шутираше во спротивниот агол.

Голот ги разбуди Англичаните, кои доминираа до крајот на првото полувреме. Англија го одигра убедливо најдоброто полувреме на првенството, предводена од Фоден и Белингем, кои конечно заедно беа во вистинскиот ритам.

Англија успеа многу брзо да израмни, со контроверзен гол само десет минути по голот на Симонс. Кејн биеше од волеј, а топката одлета над стативата.

Сепак, по шутот Дамфрис ја закачи ногата на Кејн, по што реагираа од ВАР собата. Германскиот судија Цвејер, откако ја прегледа снимката, одлучи дека Дамфрис направил прекршок и досуди пенал.

Иако холандскиот голман Вербруген се фрли на точната страна, ударот на Кејн заврши во мрежата.

Само пет минути подоцна, буквално милиметри ги делеа Англичаните од водство. Фоден ја протна топката низ бројни нозе во противничкиот шеснаесетник, но Дамфрис ја сопре буквално на гол-линијата.

Тоа беше период од натпреварот во кој англиските фудбалери речиси исклучиво напаѓаа, но првата вистинска шанса беше на спротивната страна. Во 30. минута, по еден корнер, Дамфрис добро ја зафати топката со глава при скок наназад, но ја погоди гредата.

Само две минути подоцна, се затресе стативата од другата страна. Повторно Фоден беше во центарот на вниманието и од својата позиција од која толку често погодуваше во дресот на Манчестер Сити, од 18 метри упати кон шут кој заврши во спротивната статива.

На почетокот на вториот дел ритамот на игра уште повеќе се намали. Во воведниот дел од продолжението Англија сепак имаше предност во поседот, но малку по малку Холандија стануваше се подоминантна и голем дел од вториот дел помина во холандски напади и можности за избраниците на Роналд Куман.

Првата голема шанса се случи во 65. минута. По центаршутот на Веерман, прв до топката беше Ван Дијк, кој шутираше од пет до шест метри, но директно кон англискиот голман Пикфорд, кој ја исфрли топката во корнер.

Дамфрис повторно беше највисок во скокот од него, но овој пат шутираше високо над пречката. Во 77. минута шанса имаше Симонс до кого се одби топката на десетина метри и веднаш упати волеј, но не ја зафати добро топката, па Пикфорд лесно ја смири.

Две минути подоцна се затресе холандската мрежа, но веднаш по голот на Сака реагираше и помошниот судија кој сигнализираше офсајд. Во 88. минута Палмер се обиде за Англија, но неговиот удар беше прилично непрецизен.

Кога се очекуваше крајот на основните 90 минути и одење во продолженија, Воткинс блесна. Со Де Ври на грб, Воткинс ја прими топката во холандскиот шеснаесетник во 90. минута, се заврте и од многу тешка ситуација, целосно косо, одлично шутираше и погоди за 2:1 и големо славје на Англија на стадионот Вестфален.

До крајот остана премалку и Холанѓаните немаа време да се заканат на англиската одбрана и на Пикфорд.

TRT Balkan / агенции
Популарни