Фудбалерите на Словачка направија големо изненадување и ја совладаа фаворизираната селекција на Белгија со резултат 1:0 во првиот натпревар од групата Е на Европското првенство во Германија.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Иван Шранц во седмата минута, додека Белгија, поточно Ромелу Лукаку, постигна два гола во вториот дел, но и двата беа поништени по асистенција на ВАР. Првиот поради oфсајд, а вториот поради играње со рака.
Иако Белгијците го отворија натпреварот со две одлични шанси веќе во првите моменти од мечот на стадионот во Франкфурт, Словаците поведоа во првиот напад во седмата минута со голот на Иван Шранц.
Ударот на Куцке го одбрани Кастелс, но топката се одби до Шранц, кој од не баш идеална ситуација целосно косо реагираше одлично и погоди за Словачка за 1-0. На се му претходеше голема грешка на Доку, кој им ја подари топката на противниците во сопствениот шеснаесетник.
Примениот гол не влијаеше добро на фаворизираните белгиски фудбалери, кои продолжија да доминираат по посед и напаѓаа, но немаше ист интензитет како на самиот почеток од натпреварот.
Во преостанатиот дел од натпреварот Белгија напаѓаше уште пожестоко, а во 56. минута на крајот погоди Лукаку, најдобриот стрелец на европските квалификации. Онана ја спушти топката пред голот на Словачка и Лукаку овојпат не можеше да промаши. Сепак, голот на Белгија и тогаш не беше регистриран бидејќи Лукаку беше во офсајд.
Потоа во 59. минута Тросард шутираше жестоко, но Дубравко го одбрани, а во 62. минута Белгија беше уште поблиску до израмнување. Бакајоко шутираше, а Ханко го спаси голот од гол-линијата.
Белгија притисна во воведните 15 минути од вториот дел, но Словаците потоа повторно го потисна белгискиот напад и како и во текот на целиот натпревар, целосно го задушија Де Брујнe во играта. Дури во 84. минута белгискиот селектор Тедеско го внесе во игра потенцијално опасниот напаѓач Опенда, заедно со Лукебаби и дури потоа тргнаа на се или ништо.
Само две минути подоцна беше јасно колку Опенда може да биде опасен за Словаците. Проби по левата страна и му асистираше на Лукаку кој постигна гол. Сепак, тоа беше втор поништен гол за Белгија бидејќи на почетокот на акцијата Опенда ја допре топката со рака.
Во групата Е претходно денеска Романија ја совлада Украина со 3:0.
Во второто коло во оваа група ќе се играат натпреварите Словачка- Украина и Белгија- Романија, а се закажани за 21 и 22 јуни.