За Шпанецот ова е четвртиот триумф во кариерата / Photo: AA

Возачот на Ферари, Карлос Саинц е победник на трката за Големата награда на Мексико што се одржа на патеката „Херманос Родригез“, долга 4.304 метри во главниот град Мексико Сити.

Шпанецот стартуваше од пол позицијата и успеа да ја задржи за да го постигне четвртиот триумф во кариерата пред Британецот Ландо Норис од Мекларен, додека трет е клупскиот колега на Саинц, Шарл Леклер.

Зад нив се најде британскиот тандем на Мерцедес, Луис Халимтон и Џорџ Расел, додека актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул заврши шести.

Трката ја одбележа инцидентот во кој актуелниот лидер и трикратен шампион Макс Верстапен беше казнет двапати со по 10 секунди за неправилно бранење на позицијата против Ландо Норис.

Бодови освоија и Кевин Магнусен (Хас), Оскар Пјастри (Мекларен), Нико Хулкенберг (Хаас) и Пјер Гасли (Алпина).

На овогодинешниот шампионат во Формула 1 Макс Верстапен успеа да победи 7 пати, по три победи имаат Ландо Норис и Шарл Леклер, двапати победија Луис Хамилтон, Карлос Саинц и Оскар Пјастри и една победа извојува Џорџ Расел.

На 3 ноември ќе се вози трката за Големата награда на Бразил, 21-та трка оваа сезона.

Бодовна листа на првите 5 места во пласманот за возачи и тимови во Формула 1 по Големата награда на Мексико:

Возачи:

1. Макс Верстапен (Холандија) 362

2. Ландо Норис (Велика Британија) 315

3. Шарл Леклер (Монако) 291

4. Оскар Пјастри (Австралија) 251

5. Карлос Саинц (Шпанија) 240.

Тимови:

1. Мекларен 566

2. Ферари 537

3. Ред Бул 512

4. Мерцедес 366

5. Астон Мартин 86.

TRT Balkan / агенции
Популарни