Британецот Ландо Норис со болидот на Мекларен славеше на денешната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Сингапур.
Норис извозе одлична трка и по стартот од пол-позицијата доминантно стигна до голем триумф, со дури 21 секунда пред Макс Верстапен од тимот на РБ Рејсинг.
Третото место го освои тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, со што ја зголеми предноста на Мекларен во генералниот поредокот меѓу конструкторите.
Првите петмина возачи во Формула 1 по трката за Големата награда на Сингапур:
- Верстапен (РБ Рејсинг) 331 поен,
- Норис (Мекларен) 279,
- Шарл Леклер 245 (Ферари),
- Пјастри (Мекларен) 237,
- Карлос Саинц (Ферари) 190
Поредот на првите пет тимови меѓу конструкторите по трката во Сингапур:
- Мекларен 516 поени,
- РБ Рејсинг 475,
- Ферари 441,
- Мерцедес 329,
- Астон Мартин 86
AA