Кејн е најдобар стрелец на репрезентацијата на Англија со постигнати 62 гола на 89 натпревари

И покрај импресивната форма во текот на сезоните на индивидуален план, Хари Кејн, еден од најдобрите англиски голгетери, моментално напаѓач на Баерн Минхен, сѐ уште нема освоено ниту еден голем фудбалски трофеј.

Откако со години го предводеше нападот на Тотенхем, Кејн минатата сезона се пресели во Баерн Минхен, каде што продолжи со голгетерскиот успех, но ниту во својата 14-та професионална сезона не успеа да освои ниту еден голем клубски трофеј.

По 12 години, прва сезона на Баерн Минхен без освоен трофеј

Баерн Минхен оваа сезона беше елиминиран од сите четири натпреварувања. Во германскиот Суперкуп беа поразени од Лајпциг со 3:0, во Купот на Германија беа елиминирани во второто коло од третолигашот Сарбрикен. Во Бундеслигата заостанa недостижни 18 бода зад Баер Леверкузен, а во полуфиналето на УЕФА Лигата на шампионите беше елиминиран од Реал Мадрид.

Како најуспешен тим во историјата на германскиот фудбал, Баерн Минхен за прв пат во последните 12 години ќе ја заврши сезоната без освоен трофеј. Кејн имаше исклучително успешна голгетерска сезона со учинок од 44 гола на 45 натпревари, но сепак не дојде до толку очекуваниот трофеј со тимот на Баерн Минхен.

Кејн не освои трофеј во Тотенхем

Кејн пристигна во фудбалската школа на Тотенхем Хотспар во 2004 година, а професионален договор со клубот го потпиша во 2010 година. На 435 одиграни натпревари, Кејн постигна 280 гола за Тотенхем, но не освои ниту еден трофеј со клубот.

Тотенхем својот последен освоен трофеј е трофејот во англискиот Лига куп во 2008 година, а со Кејн во нападот играше три финални натпревари, но беше поразен во сите три дуели од Челзи и Манчестер Сити во Лига купот (2015 и 2021.) и од Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.

Кејн со Тотенхем го зазеде второто место во Премиер лигата 2017 година.

Без трофеј и со репрезентацијата на Англија

Кејн е најдобар стрелец на репрезентацијата на Англија со постигнати 62 гола на 89 натпревари, но не успеа да освои ниту една титула со националниот тим. Најблиску до освојување пехар дојдоа на Европското првенство во 2020 година, кога Англија во финалето беше поразена од Италија, а во Лигата на нации во 2019 година го освои третото место.

Шеста титула најдобар стрелец во лигата

Кејн е најдобар стрелец во Бундеслигата со постигнати 36 гола за Баерн Минхен, со осум гола повеќе од Серху Гираси од Штутгарт со 25 погодоци.

Кејн трипати ја освои титулата најдобар стрелец на сезоната во Премиер лигата (2016, 2017 и 2021 година). Беше најдобар стрелец на Светското првенство во 2018 година и на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

AA
Популарни