Во првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Лондон, Арсенал и Баерн одиграа 2:2, додека во Мадрид Реал и Манчестер Сити одиграа 3:3.
Актуелниот европски шампион Манчестер Сити и најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид трета година по ред се сретнаа во фазата за испаѓање во Лигата на шампионите, но овој пат во неверојатна партија, која заврши 3-3.
За Реал погодија Рубен Диас (12, автогол), Родриго (16) и Федерико Валверде (79), а за Сити Бернардо Силва (2), Фил Фоден (66) и Јошко Гвардиол (71).
Сити поведе во 2. минута благодарение на одличната финта на Португалецот Силва. Англичаните добија слободен удар од 20 метри и додека сите очекуваа нафрлување, Силва шутираше покрај ѕидот, во блискиот агол и го изненади невнимателниот голман Лунин.
Сепак, на Реал му требаше многу малку време да одговори со два гола. Во 12. минута Едуардо Камавинга шутираше надвор од шеснаесетникот, а топката го погоди Рубен Диас и го остави голманот Ортега во празнината. Само две минути подоцна Бразилецот Родриго погоди за 2:-1 од соло продор, почнат од центарот, но при шутот топката удри во еден од играчите на Сити на патот кон мрежата.
Поофанзивната игра на Сити во вториот дел вроди со плод во 66. минута, кога Фоден со одличен удар ја погоди мрежата, а во 71. минута и Гвардиол се приклучи кон стрелците, со моќен и прецизен удар од 20 метри во спротивниот агол.
Англиското водство не траеше долго, бидејќи Валверде постигна ново израмнување во 79. минута од околу 20 метри.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти е тренерот со најмногу титули во Лигата на шампионите (четири) и победи (114), а во вторникот стигна до својот 200-ти натпревар во ЛП.
На „Емирати“ лидерот во англискиот шампионат Арсенал и Баерн одиграа 2:2. Бујако Сака (12) и Леандро Тросард (76) погодија за Арсенал, а Серж Гнабри (18) и Хари Кејн (32 пенал) погодија за Баерн.
Арсенал поведе во 12. минута со голот на Букајо Сака, кој со прецизен удар од десетина метри биеше во самиот агол од голот на Нојер. Во 18. минута Баварците израмнија со голот на Гнабри, кој искористи неколку големи грешки на одбраната на Арсенал, а целосен пресврт се случи во 32. минута кога соло продорот на Сане го запре Салиб со прекршок, а Хари Кејн годонесе Баерн во водство од пенал.
Арсенал израмни во 76. минута со голот на Белгиецот Тросард, чија повратна топка во гол ја претвори Габриел Жесус. Во последната минута напаѓачот на Баерн Коман ја погоди стативата.
Реваншите се на 17 април.
Вечерва се играат натпреварите Атлетико Мадрид- Борусија Дортмунд и ПСЖ-Барселона.