Ливерпул убедливо победи во Линц, иако губеше 1:0 / Photo: AFP

Со извонреден просек од 3,2 гола по натпревар вчера почна новата сезона на Лигата на Европа во која учествуваат дури три поранешни европски шампиони- Ливерпул, Олимпик Марсеј и Ајакс.

Ливерпул забележа победа со пресврт на гостувањето во Австрија, откако на полувремето губеше со 1-0 од ЛАСК Линц, но на крајот славеше со 1:3.

Дербито се одигра на „Велодром“ во Марсеј, каде Олимпик и Ајакс одиграа 3:3.

Премиерлигашот Брајтон, кој изненадувачки оствари пласман во второто по квалитет натпреварување на УЕФА вчера ги разочара домашните навивачи по поразот 2:3 од АЕК.

Единствениот претставник од регионот ТСЦ од Бачка Топола загуби од премиерлигашот Вест Хем. Српските фудбалери на почетокот на второто полувреме поведоа со 0:1, но но немаа сили за чудо и на крај англискиот тим победи со 3:1.

Резултати од натпреварите од првото коло

Група А

Вест Хем - Бачка Топола 3:1

Олимпијакос - Фрајбург 2:3

Група Б

Ајакс - Марсеј 3:3

Брајтон - АЕК 2:3

Група Ц

Спарта Прага- Арис Лимасол 3:2

Ренџерс- Бетис 1:0

Група Д

Аталанта- Раков 2:0

Штурм- Спортинг 1:2

Група Е

Унион Ст.Жилоаз- Тулуз 1:1

ЛАСК- Ливерпул 1:3

Група Ф

Панатинаикос - Виљареал 2:0

Рен- Макаби Хаифа 3:0

Група Г

Сервет- Славија Прага 0:2

Шериф- Рома 1:2

Група Х

Баер- Хакен 4:0

Карабаг - Молде 1:0

TRT Balkan
Популарни