Капи со слика од лубеница им се поделени на навивачите пред натпреварите / Photo: AA

Пред почетокот на неколку натпревари, на фудбалските навивачи во Германија им се подарени капи со слика од парче лубеница како симбол на солидарност со Палестина во групната фаза на ЕВРО 2024 година.

Капите за солидарност, со слика на парче лубеница што ги симболизира боите на палестинското знаме, беа поделени пред натпреварот меѓу Шпанија и Италија на 20 јуни во Гелзенкирхен, потоа меѓу Туркије и Португалија на 22 јуни во Дортмунд и на натпреварот на Шкотска против Унгарија во неделата во Штутгарт.

„Сакаме нашиот глас да се слушне овде за угнетувањето (израелско, заб. ав.) извршено врз нашите палестински браќа“, изјави за Анадолу во Гелзенкирхен, Мехмет Шимшек, еден од спонзорите на доброволната акција во Германија.

Шимшек рече дека муслиманите треба да бидат загрижени за ова и да направат нешто за да протестираат.

„Невозможно е да ги затвориме очите пред овој геноцид. Луѓето кои го вршат овој геноцид се соочија со геноцид во минатото. Сега тие (Израел, заб. ав.) го вршат“, нагласи Шишмек.

Тој рече дека германската полиција ги спречила волонтерите да подарат дел од капите за солидарност на навивачите во Гелзенкирхен.

„Беа произведени околу 50.000 капи. Сакавме да ги поделиме капите тука, но полицијата не дозволи“, додаде Шимшек.

Капите се поделени пред натпреварот меѓу Туркије и Португалија

Истата невладина група им подели капи за солидарност на палестинските навивачи на стадионот БВБ Дортмунд пред натпреварот Туркије - Португалија во саботата.

Вахдетин Бајрам, турски волонтер, за Анадолу изјави дека ги делат капите за да им помогнат на Европејците да зборуваат против „угнетувањето во Газа“.

Бајрам пред натпреварот рече дека, како дел од ставот на Туркије за Палестина, турските бизнисмени во Германија направиле 50.000 капи за да ја подигнат свеста за израелските напади врз Газа.

„Прво ги поделивме овие капи пред натпреварот Италија - Шпанија, а денеска ги делиме пред натпреварот Туркије - Португалија“, истакна Бајрам.

Двата натпревари се одиграа во германската покраина Северна Рајна Вестфалија.

Бајрам рече дека волонтерите, меѓу кои и тој, реагираат против неправдата во Газа и дека ќе продолжат да делат капи до крајот на Европското првенство на 14 јули.

Волкан Баран, германски политичар со турско потекло и пратеник во Парламентот на Северна Рајна Вестфалија, носеше капа со лубеница пред натпреварот меѓу Туркије и Португалија.

„Светот не треба да ги затвора очите пред она што се случува во Палестина“, рече Баран, потсетувајќи на убиствата на невини луѓе:

„Дојде до напади на Израел (минатиот октомври, заб. ав.), но, за жал, одговорот беше многу непропорционален. Во одлуката на судот, Обединетите нации рекоа дека Израел треба да ја прекине војната, но за жал не го стори тоа“, рече Баран.

Тој додаде дека верува оти меѓународната заедница ќе го крене гласот за да ги запре нападите на Израел и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се соочи со судење во неговата земја.

„Бидејќи половина од израелскиот народ е на улиците протестирајќи против израелската Влада“, нагласи тој.

Солидарноста со Палестинците е хит меѓу навивачите

Навивачите на Туркије сакаа да добијат капи за солидарност.

„Како Турци, ние секогаш стоиме покрај Палестина. Ние секогаш ги поддржуваме“, рече Ајше Џан, турска навивачка, додавајќи дека тие исто така го бојкотираат Израел.

Турскиот навивач Буњамин Сонмез рече дека ја носел капата за да покаже дека е со палестинскиот народ.

„Се надевам дека ќе направиме сѐ што е потребно за да ги спасиме од угнетување“, рече Сонмез.

Невзат Каракаја, кој дојде во Дортмунд да го гледа натпреварот, рече дека нивните срца чукаат за Палестина и жителите на Газа.

Ејлул Каракаја рече дека Палестина е во нивните срца, додавајќи дека се надева дека „правдата ќе го најде својот пат“ во Палестина.

Шкотските и унгарските навивачи добија капи во Штутгарт

Волонтерите ја извршија истата активност и пред неделниот натпревар меѓу Шкотска и Унгарија во арената Штутгарт.

И шкотските и унгарските фудбалски навивачи добија капи за подигање на свеста.

„Мислам дека она што се случува во Палестина е потполен геноцид“, изјави турскиот активист Јасин Јилмаз за Анадолу, додавајќи дека хуманоста се игнорира по ова прашање.

„Парчето лубеница ја симболизира Палестина и нејзините бои.“

Јилмаз додаде дека навивачите во Штутгарт сакаат да ја носат капата бидејќи се свесни за геноцидот во Израел.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Појасот Газа, започната по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш, повеќе од 37.500 Палестинци се убиени во Појасот Газа, повеќето жени и деца, а околу 86.000 се ранети, објавија локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им нареди на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

TRT Balkan / агенции
Популарни