Мбапе се смета за еден од најдобрите играчи во светот. Тој постигна 256 гола на 308 натпревари за ПСЖ / Photo: AA

Францускиот фудбалски репрезентативец, Килијан Мбапе потпиша за Реал Мадрид, потврди денеска шпанскиот клуб.

„Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнаа договор според кој тој ќе биде играч на Реал Мадрид во следните пет сезони“, се вели во соопштението.

Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни.

„Остварен сон, многу сум среќен и горд што се приклучувам на клубот од моите соништа Реал Мадрид. Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Едвај чекам да ве видам, Мадридисти, и благодарам за вашата неверојатна поддршка. “Хала Мадрид“, објави Мбапе на X.

Мбапе е роден во Париз. Освои шест титули во француската Лига 1 во седум сезони со ПСЖ, а беше француски шампион со Монако во 2017 година.

Тој и помогна на Франција да го освои Светското првенство во 2018 година што се одржа во Русија.

Се смета за еден од најдобрите играчи во светот, Мбапе постигна 256 гола на 308 натпревари за ПСЖ да биде најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Мбапе долги години е еден од главните столбови на Франција. Тој ќе биде дел од француската репрезентација на ЕУРО 2024 што ќе започне во Германија на 14 јуни.

TRT Balkan / агенции
Популарни