Која земја има освоено најмногу златни трофеи на СП во фудбал?     Фото: TRT Balkan

Како што се доближува датумот за Светското фудбалско првенство во Катар, така расте еуфоријата, не само кај фудбалерите кои ќе учествуваат, туку и кај навивачите, кои со нетрпение го очекуваат Мундијалот.

Најголема желба на секоја фудбалска репрезентација е освојување на златниот трофеј на светските првенства. Се доделува на секои четири години на најуспешната репрезентација која ќе успее, според предвидените процедури, преку групното натпреварување, па потоа и во елиминациските мечеви да победи и стане светски првак.

Со оглед дека на првенството во Катар ќе има бројни квалитетни репрезентации со звучни и помалку звучни имиња во светот на фудбалот, различни се прогнозите за тоа кој може да го освои златниот пехар. Но знаете ли која земја може да се пофали со највеќе освоени златни титули на светските првенства во фудбал?

Ретроспектива

Неслучајно ги нарекуваат „нација на фудбалот“. Бразилците се вистински мајстори со фудбалската топка. Извонредни индивидуалци, но очигледно неприкосновени шампиони и во репрезентативниот фудбал. Репрезентацијата на Бразил најмногу пати го кренала златниот трофеј на светските првенства, односно петпати. Првпат тоа им пошло за рака во далечната 1958 година, потоа во 1962 година, па во 1970 година, но и во 1994 и 2002 година.

Германците играат прецизно, дисциплинирано и истрајно. Со нив, велат познавачите на фудбалот, неизвесно е да последниот свиреж на судијата. Германија четирипати успеала да дојде титулата светски првак во фудбал. Најпрвин, тоа се случило во 1954 година, потоа во 1974 година, па во 1990 и 2014 година.

Италијанците играат стандардно добро во одбраната, но секогаш знаеле да постигнат гол кога најмалку се очекува и да го свртат текот на натпреварот. Во својата досегашна фудбалска историја и Италијанците исто колку и Германците, односно четирипати, се радувале на освоено светско првенство, и тоа: во 1934 година, 1938, 1982 и 2006 година.

Аргентина, Уругвај и Франција се земјите чии репрезентации по двапати биле светски шампиони во фудбал. Аргентина го освоила Светското првенство во 1978 и 1986 година, Уругвај во 1930 и 1950 година, додека Франција титулата ја освоила во 1998 година и точно 20 години потоа, во 2018 година.

Репрезентациите на Шпанија и Англија во досегашната фудбалска историја освоиле по една титула на светски првак. Англија го освоила мундијалот во далечната 1966 година, а Шпанија во 2010 година.

Претстојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во Катар. Предвидено да почне на 21 ноември и ќе трае до 18 декември оваа година.

TRT Balkan
Популарни