Сите балкански селекции освен Србија во составот имаат натурализирани кошаркари      Фото: АА

Главно се потпираат на домашни кошаркари, но не можат без натурализирани играчи на клучни позиции. Некои го продолжија настапот на Европското првенство кое се одржува во четири држави, други го завршија натпреварувањето. Но речиси сите репрезентации од регионот во својот состав имаат странци кои добиле пасоши за да настапуваат за нив. Тоа не е случај единствено со репрезентацијата на Србија.

Тројца браќа од Нигерија играат за Грција

Странците се најбројни во грчката репрезентација. За неа настапува Тајлер Дорси, Американец, бек шутер со ефикасност од 15,2 поени, 2,4 скокови и 1,6 асистенција по натпревар. Дорси е играч на Далас Маверикс во НБА лигата.

Интересен е фактот дека во грчката репрезентација има тројца браќа со нигериско потекло. Најпознатиот Јанис Антетокумпо кој игра за Милвоки Бакс во НБА лигата како и неговите браќа Танасис, кој му е соиграч во Милвоки и Јанис кој игра за Асвел Вилербан во француското првенство. Учинокот на Јанис Антетокумпо е фантастичен односно 29 поен, 9,5 скокови и 3,8 асистенции.

Буст од Галатасарај во составот на Бугарија

Репрезентацијата на Бугарија во составот го има Ди Буст. Американец кој според официјалната страница на ФИБА игра на позицијата „два” (бек – поентер). Буст е играч на турскиот клуб Галатасарај, а на ЕП настапува со бугарски пасош. Има просек од 14 поени, 4,4 скокови и 3,6 поени по натпревар.

Пери од Уникаха со црногорски пасош

Црногорците го имаат Кендрик Пери. Исто така Американец кој игра на иста позиција како и Буст во бугарската репрезентација. Пери игра за екипата Уникаха во Шпанија. За репрезентацијата на Црна Гора има просечен учинок 13,2 поени, 2,4 скока и 3,6 асистенции.

Американец игра за европските шампиони

Мајк Тоби е државјанин на САД во составот на Словенија. Иако европски шампиони, Словенците се одлучија на позицијата центар да се засилат со натурализираниот играч на Барселона. Тоби има просек од 11,8 поени 7,3 скокови и 0,8 асистенции по натпревар

Бек со американско потекло настапува за БиХ

Џон Роберсон е засилувањето во репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Бекот со американско потекло во оваа репрезентација, кој инаку е играч на Манса во турското првенство, има просек од 15 поени, 2,6 скокови и 2,6 асистенции по натпревар.

Смит засилување за Хрватска

Џалем Смит игра за Хрватска. Американец по потекло. Играч на Алба Берлин. Бекот во хрватската репрезентација има просек од 11 поени, 2,6 скокови и 4,8 асистенции.

TRT Balkan
Популарни