Со свечена церемонија одржана во спортската сала „1. Октомври“ во Приштина, синоќа е означен е почетокот на ФИСУ Универзитетскиот светски куп во ракомет, кој првпат се одржува во Косово.
На ова првенство покрај домаќинот Косово, се натпреваруват во машка и женска категорија, студенти од разни универзитети од Хрватска, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Чешка, Туркије, Португалија и Јужна Кореја.
Косовскиот министер за култура, млади и спорт, Хајрула Цеку, ги поздрави сите учесници на ова натпреварување и го прогласи за отворено.
„Добредојдовте во Косово и ви посакувам забавна и спортска недела во нашата престолнина. Би сакал во овие мечеви да ги следиме заедно и да поминеме што повеќе време“, нагласи Цеку.
Габриел Кочофа, член на Извршниот одбор на Светската федерација на универзитетскиот спорт (FISU), упати благодарност до Косово што е домаќин на ова натпреварување, истакнувајќи дека спортот и пријателството го прават животот поквалитетен и светот подобар.
„Како претставник на Африка, престојувам тука на Балканот и ве повикувам да бидете дел од нашата нова генерација, нашата нова култура, нашиот нов светски хоризонт. Заедно сме во спортот и шампиони сме“, рече Кочофа.
Машката ракометна екипа на приштинскиот Универзитет „Хасан Приштина“ првиот меч го играше синоќа против ракометарите на Универзитетот во Кастиља - Ла Манча од Шпанија.
Натпреварите се играат во Палатата на младите во спортската сала „1.октомври“. Учесниците се сместени во Студентскиот центар во Приштина.
Организаторот на натпреварувањето е Светската спортска студентска асоцијација, а право на учество имаат лица до 25 години. Светскиот куп ќе трае од 11 до 17 јули.
12 јул 2022
Косово домаќин на Универзитетскиот светски куп во ракомет
На ова првенство покрај домаќинот Косово, се натпреваруват во машка и женска категорија, студенти од разни универзитети од Хрватска, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Чешка, Туркије, Португалија и Јужна Кореја
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Саудиска Арабија домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година
Саудиска Арабија, по Катар, ќе стане втората земја од Персискиот залив што ќе биде домаќин на меѓународен фудбалски турнир од највисок ранг, a Мундијалот во 2034 година ќе биде првиот турнир со 48 селекции во историјата на ова натпреварување
Што друго би сакале да знаете?
Популарни