УЕФА одлучи да го одложи натпреварот меѓу Косово и Израел / Photo: Reuters

УЕФА соопшти дека натпреварот меѓу Косово и Израел, во рамките на групата И за квалификациите за „ЕВРО 2024“, кој треба да се одигра на 15 октомври на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина, е одложен.

Како што соопшти Фудбалската федерација на Косово (ФФК), до оваа одлука УЕФА дошла како резултат на ситуацијата создадена неодамна во Израел, каде што е прогласена воена состојба.

Поради тоа, израелските власти во моментов не дозволуваат ниту една од спортските екипи да патува во странство, се вели во соопштението на ФФК.

УЕФА најави дека навреме ќе го објави новиот термин на овој натпревар.

Репрезентацијата на Косово денес игра против Андора на „Андора Национал Стадиум“ во рамките на групата И за квалификациите за „ЕВРО 2024“.

TRT Balkan / агенции
Популарни