Нуњез постигна два гола, а неговиот прв беше 10000-ти за Ливерпул откако Јирген Клоп е на клупата / Photo: Reuters

Вчера се одиграа првите натпревари од осминафиналето на Лига на Европа. Чаби Алонсо и неговиот Баер за влакно го избегнаа првиот пораз во тековната сезона.

Гостувањето кај Карабах во Баку во првиот осминафинален натпревар во Лига Европа заврши 2:2, а „Апотекарите“ се спасија во судиското надополнување.

Ливерпул сѐ реши во Прага веќе во првиот натпревар совладувајќи ја Спарта со 5:1. Дарвин Нуњез постигна два гола, а неговиот прв беше 10000-ти за Ливерпул откако Јирген Клоп е на клупата.

Брајтон гостувањето во Рим го дочека со четири порази во последните седум настапи, а Рома се погрижи за новиот кикс. Домаќините славеа со 4:0 со головите на Дибала, Лукаку, Манчини и Кристанте.

Во возбудливиот меч во Лисабон Глазгов Ренџерс извлече реми со Бенфика 2:2. Шкотскиот тим водеше двапати, а Португалците се враќаа со гол и асистенција на Ди Марија.

Милан забележа домашна победа против Славија Прага, која од 26. минута играше без исклучениот Диуф. Стрелци за Росонерите беа Жиру, Рајндерс, Лофтус-Чик и Пулишиќ, а кај гостите Дудера и Шранц.

Фрајбург тесно го совлада Вест Хем, додека Марсеј го совлада Виљареал со 4:0 и два гола на Пјер-Емерик Обамејанг.

Во првиот натпревар од осминафиналето на Европската лига, Спортинг и Аталанта завчера одиграа 1:1 во Лисабон.

TRT Balkan / агенции
Популарни