Фудбалерите на Ајакс доживеаја нов пораз во 3.коло од Лигата на Европа кај Брајтон (0-2), а убедливи победи забележаа Рома, Ливерпул и Баер.
Ајакс загуби од Брајтон со головите на Жоао Педро и Ансу Фати, па Холанѓаните се последни во групата со два бода.
Во истат група Марсеј на домашен терен го победи АЕК Атина со 3-1.
Марсеј победи на својот Велодром благодарение на двата досудени удари од пенали во вториот дел. При резултат 1-1, голманот на АЕК, Станковиќ глупаво ја загуби топката во својот шеснаесетник, а потоа заработи црвен картон.
Ливерпул го совлада Тулуз со 5-1 на „Енфилд“, со пет различни стрелци. Француската мрежа ја погодија Диого Јота, Ватару Ендо, Дарвин Нуњез, Мо Салах и Рајан Гравенберч, а црвените имаат максимални 9 поени.
Во оваа група, Белгискиот Унион го совлада ЛАСК со 2-1 со голот на Кристијан Бургес во 94. минута.
Рома на Олимпико ја совлада Славија Прага со 2-0 со головите на Ромелу Лукаку и Едоардо Бове и води во групата со 9 бода. Во оваа група Шериф и Сервет одиграа 1-1.
Баер го победи Карабаг со 5-1 во Леверкузен, со двата гола на Алехандро Грималдо и води во групата со максимални три победи.
Рен победи со 2-1 во Атина кај Панатинаикос, додека Олимпијакос во Пиреја го победи Вест Хем со 2-1. Олимпијакос со головите на Костас Футунис и Родинеи го совлада Вест Хем, за кои погоди Лукас Паке.
Во оваа група Фрајбург со 3-1 славеше над ТСЦ во Бачка Топола.
Србите поведоа преку Немања Петровиќ, а потоа тројниот стрелец Виченцо Грифо им ја донесе победата на Германците.
Бетис славеше кај Арис од Кипар со 1-0 на Асана Диао (77), додека Спарта и Глазгов Ренџерс одиграа 0-0 во Прага.
Полски Раков го освои првиот бод играјќи 1-1 на домашен терен со Спортинг Лисабон.
Во Грац, Штурм и Аталанта одиграа 2-2, а Италијанците водеа со 2-1 со головите на Муриел и имаа играч повеќе, за во 80. минута Томи Хорват да им донесе бод на Австријците.
Група А:
Олимпијакос – Вест Хем 2:1 Бачка Топола – Фрајбург 1:3
1. Фрајбург 3 2 0 1 7:5 6
2. Вест Хем 3 2 0 1 6:4 6
3. Олимпијакос 3 1 1 1 6:6 4
4. Бачка Топола 3 0 1 2 4:8 1
Група Б:
Марсеј – АЕК Атина 3:1 Брајтон – Ајакс 2:0
1. Марсеј 3 1 2 0 8:6 5
2. Брајтон 3 1 1 1 6:5 4
3. АЕК Атина 3 1 1 1 5:6 4
4. Ајакс 3 0 2 1 4:6 2
Група Ц:
Арис Лимасол – Бетис 0:1 Спарта Прага – Ренџерс 0:0
1. Бетис 3 2 0 1 3:2 6
2. Спарта Прага 3 1 1 1 4:4 4
3. Ренџерс 3 1 1 1 2:2 4
4. Арис Лимасол 3 1 0 2 4:5 3
Група Д:
Раков – Спортинг Лисабон 1:1 Штурм Грац – Аталанта 2:2
1. Аталанта 3 2 1 0 6:3 7
2. Спортинг Лисабон 3 1 1 1 4:4 4
3. Штурм Грац 3 1 1 1 4:4 4
4. Раков 3 0 1 2 1:4 1
Група Е:
Ливерпул – Тулуз 5:1 Унион Ст. Жилоаз – Линц 2:1
1. Ливерпул 3 3 0 0 10:2 9
2. Ст. Жилоаз 3 1 1 1 3:4 4
3. Тулуз 3 1 1 1 3:6 4
4. Ласк Линц 3 0 0 3 2:6 0
Група Ф:
Виљареал – Макаби Хаифа – Одложено Панатинаикос – Рен 1:2
1. Рен 3 2 0 1 5:2 6
2. Панатинаикос 3 1 1 1 3:2 4
3. Виљареал 2 1 0 1 1:2 3
4. Макаби Хаифа 2 0 1 1 0:3 1
Група Г: Рома – Славија Прага 2:0 Шериф Тираспол – Сервет 1:1
1. Рома 3 3 0 0 8:1 9
2. Славија Прага 3 2 0 1 8:2 6
3. Сервет 3 0 1 2 1:7 1
4. Шериф Тираспол 3 0 1 2 2:9 1
Група Х:
Молде – Хакен 5:1 Баер Леверкузен – Карабаг Агдам 5:1
1. Баер Леверкузен 3 3 0 0 11:2 9
2. Карабаг 3 2 0 1 3:5 6 3.
Молде 3 1 0 2 6:4 3 4.
Хекен 3 0 0 3 1:10 0