И во оваа сезона одлично стартуваше вицешампионот во Лига Европа, Рома, која на домашен терен го декласираше Сервет со 4:0, а улогите на фаворити во 2. коло ги оправдаа Ливерпул и лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен.
„Волчицата“ беше убедлива со головите на Лукаку и Пелегрини и двата на Белоти. Со две асистенции се истакна и турскиот интернационалец Челик.
„Црвените“ славеа на „Енфилд“ против белгискиот Ројал Унион со 2:0, додека „фармацевтиците“ славеа со 2:1 на гостувањето кај Молде.
Карабаг славеше на гостувањето кај Хакен, па со по шест бода го дели првото место со Баер пред меѓусебниот дуел во следната рунда. Најубедлива беше Славија која во Прага го победи Шериф со 6:0.
Во дербито, Виљареал го доби Рен благодарение на Пепе Реина, кој во судиското надополнување го одбрани пеналот на Терје, а резултатот остана 1:0.
Тулуз го победи ЛАСК со 1:0, а голови во Европската лига денеска немаше само во Хаифа, каде домашниот Макаби одигра реми со Панатинаикос.
Резултати од второто коло на ЛЕ:
Група А
Фрајбург- Вест Хем 1:2
ТСЦ Бачка Топола-Олимпијакос 2:2
Група Б
АЕК - Ајакс 1:1
Олимпик Марсеј - Брајтон 2:2
Група Ц
Арис Лимасол-Глазгов Ренџерс 2:1
Бетис-Спарта Прага 2:1
Група Д
Раков-Штурм Грац 0:1
Спортинг Лисабон-Аталанта 1:2
Група Е
Ливерпул - Кралскиот Унион 2:0
Тулуз - ЛАСК 1:0;
Група Ф
Макаби Хаифа - Панатинаикос 0:0, Виљареал - Рен 1:0;
Група Г
Рома - Сервет 4:0
Славија Прага - Шериф Тираспол 6:0;
Група Х
Хакен - Карабаг 0:1
Молде - Баер Леверкузен 1:2.