Првите средби се играат на 7. март, а реваншите на 14. март / Photo: UEFA

Единствениот регионален претставник во елитните фудбалски натпреварувања на УЕФА, Динамо Загреб во осминафиналето на Конференциската лига ќе игра против ПАОК. Првиот дуел се игра во Хрватска, а реваншот е во Солун.

„Модрите“ пак ќе играат во Грција, откако во третото квалификациско коло за Лигата на Шампиони загуби добиен натпревар против АЕК во Атина.

Дуелот меѓу двете екипи остана во сенка на убиството на навивач на АЕК, кој настрада во Атина во масовната тепачка меѓу домашните навивачи и навивачката група Бед Блу Бојс.

Инаку, Динамо веќе двапати се сретна со ПАОК во Европа, тоа беше во групната фаза од Лигата на Европа во сезоната 2010/11. Тимот од Загреб загуби и дома и на гости со 1:0.

Во останатите натпревари ќе играат:

Сервет - Викторија Плзен

Ајакс - Астон Вила

Молде - Клуб Бриж

Унион Сен Жилоа - Фенербахче

Штурм Грац - Лил

Макаби Хаифа - Фиорентина

Олимпијакос - Макаби Тел Авив

Во оваа рунда од натпреварувањето имаше едно ограничување, клубовите од иста земја не можеа да играат меѓу себе.

Првите средби се на 7. март, а реваншите на 14. март.

Финалето на Конференциската лига сезонава ќе се игра на 29 мај во Атина на стадионот на АЕК.

TRT Balkan / агенции
Популарни