Мексико викендов ќе биде домаќин на 20. трка од оваа сезона на Светското првенство во Формула 1.     Фото: АА (Архива)

Мексико викендов ќе биде домаќин на 20. трка од оваа сезона на Светското првенство во Формула 1.

Трката ќе се вози на патеката „Херманос Родригез“ долга 4,3 километри, сместена во главниот град. Квалификациите ќе започнат утре во 22 часот, а трката од 71 круг ќе се вози в недела.

Оваа сезона Макс Верстапен (Ред Бул) има 13, Шарл Леклер (Ферари) три, Серхио Перез (Ред Бул) два и Карлос Саинц (Ферари) една победа.

Најдобри пет пилоти:

1. Макс Верстапен (Холандија): 391 поен

2. Шарл Леклер (Монако): 267 поени

3. Серхио Перез (Мексико): 265 поени

4. Џорџ Расел (Велика Британија): 218 поени

5. Карлос Саинц (Шпанија): 202 поени

Најдобри пет тима:

1. Ред Бул: 656 поени

2. Ферари: 469 поени

3. Мерцедес: 416 поени

4. Алпин: 144 поени

5. МекЛарен: 138 поени

AA
Популарни