Во Истанбул се одржа 35. Интерконтинентална пливачка трка „Самсунг Босфор“ во организација на Турскиот олимписки комитет (ТМОК).
Стартот на трката долга 6,5 километри беше на пристаништето Канлиџа, а целта во Куручешме.
На трката учествуваа повеќе од 2.600 спортисти од над 70 земји.
Еден од учесниците беше и холандскиот амбасадор во Анкара, Јуп Вајнандс.
Прв во машка категорија беше Догукан Улач со време од 41,22 минути, а во женска конкуренција најбрза беше Бурџуназ Нарин со 42,54 минути.
Претседателот на Турскиот олимписки комитет Угур Ерденер изјави дека трката поминала многу добро, додавајќи дека и времето е многу добро за пливање.
Претседателот и извршен директор на „Самсунг електроникс“ за Туркије, Филип Чои, рече дека се горди што дале придонеле во оваа интересна трка.
Победникот во машка категорија, Догукан Улач, изјави дека трката била полесна од минатата година, а победничката во женска категорија, Бурџуназ Нарин, изрази задоволство за освоеното прво место.
Интерконтиненталната пливачка трка на Босфорот за прв пат е одржана на 23 јули 1989 година во организација на Турскиот олимписки комитет.