Кошаркарскиот клуб Бруклин Нетс ја суспендираше ѕвездата на тимот Кајри Ирвинг на најмалку пет натпревари откако промовираше антисемитски филм на социјалните мрежи.
„Одлучивме дека Ирвинг ќе отслужи суспензија без плата се додека не исполни низа објективни корективни мерки кои се бават со штетно влијание на неговото однесување, а периодот на суспензијата не е пократок од пет натпревари“, соопшти Бруклин Нетс.
Триесетгодишниот бек минатата недела објави линк за антисемитски филм, но не се извини сѐ додека клубот не го суспендираше.
„На сите еврејски семејства и заедници кои се чувствуваат повредени и погодени од мојата објава, длабоко жалам што нанесов болка и се извинувам“, напиша Ирвинг на Инстаграм.
Ирвинг, поради суспензијата ќе ги пропушти мечевите на НБА лигата против Вашингтон Визардс, Шарлот Хорнетс, Далас Маверикс, Њујорк Никс и Лос Анџелес Клиперс.