Србија освои пет медали од кои три златни, а Хрвтска седум, но само две златни / Photo: ТРТ БАЛКАН МАКЕДОНСКИ

Синоќа со спектакуларна церемонија на националниот стадион Стад де Франс, на кој учествуваа 206 репрезентации, со околу 10.500 спортисти, беа затворени 34. Олимписки игри во Париз.

Од земјите од регионот, селекцијата на Србија беше најуспешна на Олимпијадата, додека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се вратија дома без освоен медал.

Најуспешна нација на Олимпијадата во Париз се Соединетите Американски Држави со 126 освоени медали, и тоа 40 златни, 44, сребрени и 42 бронзени, а по неа е Кина со 91 медали (40 златни, 27 сребрени и 24 бронзени) и Јапонија со 45 медали (20 златни, 12 сребрени и 13 бронзени).

Кога станува збор за земјите од регионот, најуспешна селекција е Србија со по три злата, едно сребро и една бронза. Златни медали освоија во тенис, стрелаштво и ватерполо, сребро во теквондо, а бронза освоија кошаркарите. Србија го зазеде 27-то место во генералниот пласман.

На второ место е Хрватска која освои две злата, две сребра и три бронзи. Хрватска освои злато во веслање и џудо, сребро во тенис и ватерполо и бронза во стрелаштво, атлетика и таеквондо. Хрватска го зазеде 30. место во генералниот пласман на репрезентациите.

Словенија заврши на 34. место во генералниот пласман, со три медали, од кои два златни и еден сребрен. Словенците освоија злато во спортско качување и џудо, а сребро во едрење.

Косово освои по еден сребрен и бронзен медал во џудо и вкупно 73. место меѓу репрезентациите.

Албанија освои два бронзени медали и двата во борење и со тоа го зазеде 80-то место.

Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора не освоија ниту еден медал на овие игри.

Босна и Херцеговина заедно со Андора, Монако и Малта е единствената земја во Европа која се уште „сонува“ за олимписки медал.

AA
Популарни