Учесниците на олимписките игри претставени со преминување преку реката Сена / Photo: Reuters

Олимписките игри во Париз 2024 вечерва официјално започнаа со церемонијата на свеченото отворање. За прв пат отворањето не се случи на стадион туку олимписките тимови на државите беа претставени преминувајќи преку реката Сена.

„Олимпискиот оган го чекаат илјадници спортисти и гледачи на реката Сена. Ти благодариме, Зинедин Зидан“, беше објавено на официјалната страница Париз 2024 на X.

Од 26 јули до 11 август на олимпијадата ќе се одржат 329 натпревари.

Игрите ќе соберат над 10.500 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 32 спортови, со цел да се закитат со 329 медали.

TRT Balkan / агенции
Популарни