Поранешниот јужноафрикански параолимпиец Оскар Писториус е пуштен на условна слобода речиси 11 години откако ја убил својата девојка, моделот Рива Стинкамп, соопштија властите во петокот.
Управата за извршувањесанкции потврди дека Писториус почнал да ја отслужува казната во Системот на поправни институции во заедницата и сега е дома.
Параолимпиецот со две ампутирани нозе, кој се натпреваруваше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, првично беше осуден за убиство во 2014 година кога беше осуден на шест години, но Врховниот суд во 2017 година му ја зголеми казната на 13 години и пет месеци, велејќи дека шестгодишната затворската казна е „шокантно блага“.
Писториус ја уби Стинкамп на Денот на вљубените, 14 февруари 2013 година, пукајќи од пиштол четири пати низ затворена врата од тоалетот.
Во своја одбрана, Писториус, познат како Блејд Ранер поради неговите протетички нозе, рече дека мислел дека 29-годишната девојка е провалник.
На 17-годишна возраст, Писториус освои златен медал на Параолимписките игри во Атина, со што стана национален херој.
Тој влезе во историјата во 2012 година, откако стана првиот спортист со ампутирани две нозе што се натпреварувал на Олимписките игри.