Почина Дамир Шолман, легенда на југословенската кошарка

Почина Дамир Шолман, легенда на југословенската кошарка

Со репрезентацијата на Југославија Шолман освои два сребрени олимписки медали
Почина Дамир Шолман, легенда на југословенската кошарка / Photo: AA Archive

По долга и тешка болест во 75 година почина Дамир Шолман, еден од најдобрите југословенски и хрватски кошаркари на сите времиња.

Загрепчанецот Шолман во кошаркарските анали влезе како најдобар стрелец на сите времиња на сплитската Југопластика (денес КК Сплит) со постигнати 5.783 поени.

Во сезоната 1872/73 со Југопластика играше во финалето на Купот на победниците на куповите, додека 1975/76 и 1976/77 со Југопластика го освои Купот „Радивоје Кораќ“. Со репрезентацијата на Југославија освои два сребрени олимписки медали, првин во Мексико во 1968 година, а потоа и во Монтреал во 1976 година.

Со Југославија еднаш беше светски првак, а еднаш вицепрвак.

TRT Balkan / агенции
Популарни