Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани селекции од групата и четирите најдобро третопласирани селекции / Photo: РФМ Фејсбук

Денеска во Копенхаген се одржа ждрепката за квалификации за Европското првенство во ракомет 2026 година, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонските ракометари ќе играат во групата против Словенија, које е фаворит за освојување на првото место. Квалификациите ќе ги стартуваме во октовмри кога на домашен терен ќе се соочиме со Естонија, а потоа ќе гостуваме на Литванија.

Во март 2025 година ќе одиграме два натпревари со Словенија, прво на наш терен, а потоа и на гостински. Групата ќе ја завршиме во мај со гостување во Словенија и домашен натпревар со Литванија.

Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани селекции од групата и четирите најдобро третопласирани селекции.

Квалификациските групи за Европското првенство изгледаат вака:

ГРУПА 1: Словенија, Северна Македонија, Литванија, Естонија

ГРУПА 2: Унгарија, Црна Гора, Словачка, Финска

ГРУПА 3: Исланд, Грција, Босна и Херцеговина, Грузија

ГРУПА 4: Шпанија, Србија, Италија, Латвија

ГРУПА 5: Хрватска, Чешка, Белгија, Луксембург

ГРУПА 6: Холандија, Фарски Острови, Украина, Косово

ГРУПА 7: Германија, Австрија, Швајцарија, Туркије

ГРУПА 8: Португалија, Полска, Романија, Израел

TRT Balkan / агенции
Популарни