Реал Мадрид и Манчестер Сити во средата се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА.
На натпреварот во Мадрид ниту еден тим не можеше да даде гол во првото полувреме, но напаѓачот на домаќините, Винисиус Јуниор го доведе во водство Реал со гол од непосредна близина во 65. минута.
Вили Орбан го израмни резултатот со глава во 68. минута, што беше конечен резултат, кој беше доволен за Реал Мадрид да се пласира во следната фаза со вкупни 2:1, по тесната победа во првиот натпревар во Германија.
Сепак, гостите преку Олмо можеа да го шокираат Реал, но неговиот лоб удар во 92. минута заврши во пречката.
Мечот го одбележа контроверзната одлука на судијата во 54. минута во која актери беа двата стрелци на головите. Винисиус го удри вОрбан во врат откако претходно грубо стартуваше врз него, за што доби само жолт картон, а не реагираше ниту ВАР собата.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз одигра само неколку минути во редовите на РБ Лајпциг, откако влезе во игра во 85.минута.
Во другата пресметка во средата, Мануел Аканџи, Џулијан Алварез и Ерлинг Халанд постигнаа по еден гол за Манчестер Сити, додека единствениот гол за Копенхаген го постигна Мохамед Ељунуси на стадионот Етихад.
„Граѓаните“ резервираа место во четвртфиналето со вкупни 6:2, откако претходно го совладаа Копенхаген со 3:1 во првиот натпревар во Данска.
Баерн Минхен и Пари Сен Жермен се пласираа во четвртфиналето во вторникот по победите против Лацио и Реал Сосиедад..
Осминафиналето ќе заврши на 12-13 март.
12 март:
Арсенал - Порто (0:1)*
Барселона - Наполи (1:1)*
13 март:
Атлетико Мадрид - Интер (0:1)*
Борусија Дортмунд - ПСВ Ајндховен (1:1)*