Од своето основање во 1979 година, на релито Дакар 33 возачи ги загубија животите во различни несреќи за време на трките / Photo: Reuters

Во петок во Саудиска Арабија ќе започне познатата „оф роуд“ трка на издржливост Релито Дакар, кој се смета за една од најпредизвикувачките и најопасните трки во светот.

47-то издание на релито ќе започне со прелиминарната етапа во Биша и ќе заврши со етапата 12 во Шубајтах на 17 јануари.

Релито Дакар во 2025 година ќе опфати патека долга 5.209 километри, која се протега преку бреговите на Арапскиот Полуостров, песочните дини, планините и пустината Руб ал Кали во текот на целиот натпревар.

Слично како и минатата година, и ова издание на релито ќе има дводневна маратонска етапа.

Возачите мора да стигнат до еден од шесте назначени кампови до 17 часот по локално време (14 часот ГМТ) за да преноќат во текот на втората етапа, која ќе трае два дена.

Со минимални резерви, возачите ќе го продолжат своето патување следното утро за да ги поминат преостанатите 965 километри од етапата.

Французинот Стефан Петерхансел, со 14 титули на релито- осум во автомобили и шест во мотоцикли - го држи рекордот за најмногу победи во натпреварувањето.

Шпанецот Карлос Саинц победи минатата година во категоријата автомобили, освојувајќи ја својата четврта титула, додека Рики Брабек од САД по втор пат триумфираше во категоријата мотоцикли.

Французинот Себастиен Леб, деветкратен победник на Светскиот шампионат во рели, повторно ќе се бори за титулата на релито Дакар, од кое е дел од 2016 година.

Покрај Саинц, во категоријата автомобили ќе се натпреварува и Катарецот Насер Ал-Атијах, додека кај моторџиите освен Брабек е и поранешниот шампион Кевин Бенавидес од Аргентина.

Од своето основање во 1979 година, на релито Дакар 33 возачи ги загубија животите во различни несреќи за време на трките.

Релито се организираше во осум различни категории, вклучувајќи АТВ (Возила за сите терени)од 2009 година и УТВ (Возила за комунални задачи) од 2017 година.

Освен возачите на автомобили, мотоцикли и камиони, речиси 50 невозачи - новинари, организатори и гледачи - исто така ги загубија животите, иако точниот број не е познат поради нецелосни службени записи.

Тиери Сабине, основачот на релито Дакар, трагично загина за време на настанот во 1986 година.

Релито Дакар или едноставно „ Дакар “ порано беше познато како „Релито Париз-Дакар. Повеќето трки од почетокот во 1978 година биле почнувани од Париз, Франција, а завршувале во Дакар, Сенегал.

Но заради безбедносни закани во Мавританија, релито е откажано во 2008 година, а трките од 2009 до 2019 година се одржувале во Јужна Америка.

Изданието од 2020 година се одржува во Саудиска Арабија.

TRT Balkan / агенции
Популарни