Ривер Плата во понеделникот ја совлада Бока Јуниорс со 2-0 во 260. Суперкласико во седмото коло од аргентинското првенство.
Ривер Плата дојде во водство во 41. минута преку Саломон Рондон, чиј удар од непосредна близина ја погоди мрежата.
Конечниот резултат го постави Енцо Хернан Дијаз во судиското надополнување на стадионот „Бомбонера“.
Со оваа победа Ривер Плата скокна на првото место со 13 бодови во групата А, додека Бока Јуниорс остана на 10. место со седум бодови во групата Б.
AA