Сити славеше со 3:1 на гостувањето во Копенхаген / Photo: Reuters

Реал Мадрид без својот најдобар играч Џaд Белингем оствари минимална победа на гостувањето кај Ред Бул Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Победничкиот гол го постигна Брахим Дијаз, а Андриј Лунин, најдобриот играч на натпреварот добро ја чуваше гостинската мрежа.

Домашните почнаа агресивно со висок пресинг и во 2. минута мрежата на Реал беше затресена. Бенјамин Шешко погоди со глава, но славјето брзо беше прекинато поради офсајд кој го сигнализираа судиите од Босна и Херцеговина.

Снимката од спорната ситуација покажа дека судијата Ирфан Пељто најверојатно не го признал голот на Лајпциг бидејќи во таа акција Хенрикс, кој стоеше зад голманот влијаел на играта, односно го попречил Лунин.

До крајот на полувремето Лајпциг имаше неколку шанси, но немаше голови.

Сепак, во 48. минута Дијаз ја прифати топката на десната страна од теренот, мина четворица играчи, влезе во шеснаесетникот и потоа мајсторски со левата нога ја смести топката во спротивниот агол за 0:1.

Поголемиот дел од второто полувреме помина во напаѓачки напори на домашната екипа, но со одлични интервенции се истакна украинскиот чувар на мрежата Лунин.

До крајот немаше промена на резултатот, гостите со цврста одбрана ја задржаа предноста и направија значаен чекор кон пласман во четвртфиналето.

На вториот натпревар Манчестер Сити поведе во Копенхаген со голот на Де Брујне (10.), по одлично проигрување на Фоден.

Домашните израмнија преку Матсон (34), кој погоди од повеќе од 20 метри откако топката среќно му се одби до ногата. Претходно, Едерсон лошо расчисти и затоа не успеа навреме да се врати на голот.

Бернардо Силва обезбеди ново водство за гостите во самиот финиш на првото полувреме, а во судиското надополнување на вториот дел Фоден го постави конечниот резултат по одличното двојно додавање со Де Брујне.

Вечерва се играат осминафиналните натпревари Лацио-Баерн и ПСЖ- Реал Сосиедад.

На 21 и 22 февруари се играат и преостанатите четири натпреварио од осминафиналните дуели: Порто- Арсенал, Наполи- Барселона, Интер- Атлетико Мадрид и ПСВ- Борусија Дортмунд.

TRT Balkan / агенции
Популарни