Медиумите објавија и за судири меѓу навивачите на Легија и полицијата пред натпреварот / Photo: AFP

Холандската полиција приведе две лица по натпреварот меѓу АЗ и Легија во Алкмар без да откриваа детали, но полските медиуми пишуваат дека се приведени фудбалерите на гостинскиот тим, Португалецот Жозуе и Србинот Радован Панков.

Полските медиуми пишуваат и дека полицијата го претепала и претседателот на клубот Дариуш Миодуски.

Полицијата соопшти дека двајцата уапсени се осомничени за кривично дело напад, сепак, без да прецизира што точно се случило.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи, наводно, покажуваат судири меѓу обезбедувањето и полицијата со претставниците на Легијата во близина на автобусот на гостите.

Полските медиуми пишуваат дека дошло до туркање и тепачка со обезбедувањето, кое не сакало да го пушти тимот надвор од стадионот, наводно зашто навивачите на полскиот тим во тој момент почнале да го напуштаат својот сектор, па обезбедувањето ја сметало ситуацијата опасна.

Ситуацијата ескалирала, а во гужвата настрадал и претседателот на полскиот клуб, Дариуш Миодуски, додека еден од тренерите беше удрен во лицето и грбот.

На социјалните мрежи се појави информација дека еден од обезбедувањето паднал на подот и добил со потрес на мозокот и скршеница на раката.

Во еден момент полицијата наводно се заканувала дека насилно ќе влезе во автобусот ако Панков не се симне. Околу еден час по почетокот на бунтот, полицајците го одведоа Србинот и капитенот на тимот Жозуе.

Полските медиуми пренесуваат дека полицијата не сакала да ги извести претставниците на Легија каде се транспортирани играчите.

На крајот клубот преку свои канали утврди дека се во близина на Амстердам. Официјалните лица одбија да објават информации за судбината на играчите, велејќи дека се плашат дека навивачите ќе се обидат да ги спасат.

Клубот сега се обидува да интервенира во конзулатите на Србија и Португалија.

Во полскиот клуб се бесни на однесувањето на обезбедувањето и полицијата, а еден од клупските челници, Јарек Јанковски, сето го опиша како „апсолутен скандал“.

„Физичкиот интегритет на неколку играчи и членови на персоналот беше нарушен од обезбедувањето и полицијата. Невидена ситуација, пишува Јанковски на социјалната платформа.

Пред натпреварот имаше немири и околу стадионот.

Медиумите објавија за судири меѓу навивачите на Легија и полицијата пред натпреварот.

Еден од полицајците наводно изгубил свест, а навивачите им ги одзеле палките и спрејот на полицајците. Полицијата употреби солзавец за да ги спречи навивачите, но некои ги пробија влезните порти на стадионот. АЗ Алкмар ја победи Легија со 1-0 со голот на Вангелис Павлидис во 52. минута, а во вториот натпревар од групата Астон Вила го совлада Зрињски со голот на Џон Мекгин во четвртата минута од судиското надополнување. По две кола, сите четири екипи имаат по три бода.

TRT Balkan / агенции
Популарни