Топ 10 најбрзи играчи на Светското првенство во фудбал во 2022 година / Photo: Reuters

Брзината е предност што ја менува играта за секој фудбалер, а Светското првенство е совршена глобална арена за прикажување на најбрзите напаѓачи и одбранбени играчи.

Ова се десетте најбрзи играчи на овој мундијал според статистиката на спортскиот весник Марка (Marca):

Три фудбалери на шестото место

Тајон Тревор Бјукенан игра како крило за белгискиот клуб Бриж од прва дивизија А и за репрезентацијата на Канада. Бјукенан потпиша 3 и пол годишен договор со Клуб Бриж во 2021 година и беше позајмен назад во Њу Ингланд за остатокот од сезоната на МЛС 2021 година.

Тој ја прифати поканата за кампот на канадската сениорска репрезентација за јануари 2021 година и на 18 јуни беше именуван во прелиминарниот тим на Канада од 60 играчи за Златниот куп на КОНКАКАФ во 2021 година.

Играта на Бјукенан на турнирот беше пофалена и беше добитник на наградата за најдобар млад играч во овој куп за 2021 година.

Немања Радоњиќ, Србија, 35.19 км/ч

Немања Радоњиќ игра за италијанскиот Торино, клубот од Серија А, како позајмен играч францускиот прволигаш Марсеј,а исто така ја претставува и репрезентацијата на Србија.

Во ноември 2017 година, Радоњиќ беше поканет во фудбалската репрезентација на Србија на турнеја во Азија и го имаше своето деби во пријателската ждрепка со Јужна Кореја.

Една година подоцна, селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, го вклучи Радоњиќ во последниот тим од 23 играчи за Светското првенство во фудбал 2018 година, каде што настапи на два натпревари, еден против Швајцарија, а другиот против Бразил.

На Светското првенство оваа година играше во сите три натпревари од групната фаза, против Бразил, Камерун и Швајцарија. Србија мундијалското претставување го заврши на четвртото место во групата,а Радоњиќ достигна максимална брзина од 35,19 км/ч.

Килијан Мбапе, Франција, 35.19 км/ч

Мбапе е најбрзиот играч во француската Лига 1, достигнувајќи брзина од 36,05 км/ч претходно во сезоната, според Sporting News, но во Катар тој е изедначен на шестото место заедно со Бјукенан и Радоњиќ.

Французинот во досегашните пет настапи на СП постигна пет гола и асистираше на други два погодоци.

Откако го победи Мароко со 2-0, Мбапе би можел да и помогне на Франција да ја одбрани титулата на Светското првенство во финалниот натпревар против Аргентина. Веројатно ќе си оди дома со Златната топка или Златната копачка исто така.

Двајца фудбалери ја делат петтата позиција: Сар и Хакими

Исмаила Сар блесна како најдобар напаѓач на Сенегал во Катар откако ги надмина противниците со максимална брзина од 35,29 км/ч. Заедно со репрезентацијата на Сенегал, тој игра како крило за клубот од ЕФЛ шампионатот Ватфорд.

Тој ја претставуваше својата земја за прв пат на мечот против Намибија во 2016 година во Дакар и само две години подоцна беше именуван во 23-члениот тим на Сенегал за Светското првенство во фудбал во Русија 2018 година.

Во 2019 година, Сар исто така беше дел од тимот на Сенегал кој стигна до финалето на Африканскиот куп на нации, само втор пат во историјата на нацијата.

Ашраф Хакими важи за еден од најдобрите десни бекови во светскиот фудбал и неговата брзина не е изненадување и на ова фудбалско натпреварување. На мундијалот во Катар тој постигна брзина од 35,29 км/ч. Хакими игра за францускиот Париз Сен-Жермен и за репрезентацијата на Мароко, каде даде свој голем придонес во досегашниот успех на оваа репрезентација.

Џејмс и Робинсон изедначени на четвртата позиција

Даниел Овен Џејмс и неговата „светлосна брзина“ се заслужни што му помогнаа на Велс да се квалификува за Светското првенство за првпат од 1958 година.

Тој игра како крилен напаѓач за премиерлигашот Фулам, како позајмен фудбалер од Лидс Јунајтед.

Тој го направи своето професионално деби за Свонси Сити во 2018 година, потпиша за Манчестер Јунајтед во 2019 година, а откако забележа 74 настапи за клубот, му се приклучи на Лидс Јунајтед во 2021 година.

Ентони Робинсон, игра како лев бек за премиерлигашкиот клуб Фулам и за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави (САД).

Робинсон најпрвин играше во тимот под 18 години со САД, а во 2018 година беше поканет и во американскиот сениорски тим до 21 година. Тој го направи своето сениорско деби во дресот на САД на 28 мај 2018 година, играјќи цели 90 минути во пријателската победа од 3-0 против Боливија и забележа асистенција. 25-годишниот Американец постигна импресивна максимална брзина од 35,39 км/ч на СП во Катар.

Трето место според брзината: Давид Раум, Германија, 35,40 км/ч

Давид Раум игра како лев играч од средниот ред или лев бек за бундеслигашкиот клуб Лајпциг и репрезентацијата на Германија.

Тој има направено вкупно единаесет меѓународни настапи во тимовите до 19 и до 20 години, а беше повикан за тимот за Европското првенство до 21 година во 2021 година. Раум играше на сите натпревари, помагајќи ѝ на Германија да победи во финалето со 1-0 над Португалија.

Откако минатата година дебитираше со сениорската репрезентација на Германија во квалификациската победа на СП над Ерменија со 6-0, тој во Катар достигна максимална брзина од 35,40 км/ч.

Николас „Нико“ Вилијамс Артуер игра како крилен напаѓач за шпанскиот Атлетик Билбао и за репрезентацијата на Шпанија.

Тој првпат ја претставуваше Шпанија со тимот до 18 години во 2020 година, постигнувајќи два гола во четири натпревари и беше повикан во Шпанија до 19 години една година подоцна. Нико го направи своето деби за играчи до 21 година во септември истата година.

Потоа беше повикан во сениорскиот тим за натпреварите од Лигата на нации на УЕФА 2022-23 во септември 2022 година, во кои го постигна својот прв гол за националниот тим на пријателскиот натпревар против Јордан.

На Светското првенство 2022 година, Артуерј стана вториот најбрз играч со достигната рекордна максимална брзина од 35,59 км/ч. Но, и покрај неговото неверојатно темпо, тој најмногу се користеше како замена во Катар и го заврши турнирот без голови или асистенции.

Најбрз фудбалер на СП: Камалдин Сулемана, Гана, 35,69 км/ч

Камалдин Сулемана, познат и како Камалдин, игра како крилен напаѓач во редовите на францускиот клуб Рен и за репрезентацијата на Гана.

Тој го доби својот прв повик за репрезентацијата на Гана во 2020 година и дебитираше со Гана во пријателскиот пораз од Мали со 3-0. Камалдин настапи и на пријателскиот натпревар против Катар.

И покрај тоа што стана најбрзиот играч во Катар со рекордна брзина од 35,69 км/ч, 22-годишниот фудбалер забележа два настапи како замена и не постигна гол или асистенција.

TRT World
Популарни