ТОП 7 најразочарувачки трансфери во европскиот фудбал    Фото: АА

Еве ги ТОП 7 најразочарувачки трансфери во европскиот фудбал последниве 20 години:

7. На седмо место е преминот на Кака од Милан во Реал Мадрид во 2009 година. Кралскиот клуб плати 68,5 милиони евра за да го донесе на Бернабеу популарниот и талентиран напаѓачки ориентиран играч од средниот ред кој во тој момент стана најскап фудбалер. Но брзо по преселбата во Мадрид стана јасно дека најдобрите години Кака ги поминал во Милан. Се бореше со повреди 2 години, а Месут Озил го зазеде неговото место во тимот.

Кака     Фото: Reuters

6. Шестото место е за ексцентричниот Марио Балотели кој од Милан премина во Ливерпул за 16 милиони евра. Иако важеше за ѕвезда и талентиран млад играч со најголем потенцијал сепак во Премиер лигата успеа да постигне само еден гол, а потоа падна во заборав.

Марио Балотели    Фото: AA

5. Преминот на Фернандо Торес од Ливерпул во Челзи за 50 милиони фунти во 2011 одекна на последниот ден од трансфер периодот. Но брзо се покажа дека Торес за сините не заигра во истата форма како на Енфилд. Затоа и се најде на оваа листа.

4. Србинот Лука Јовиќ отиде од Ајнтрахт во Реал Мадрид во 2019 година за извонредни 60 милиони евра. Реал бараше наследник за Бензема и го најде во играчот кој претходната сезона постигна 27 гола за бундеслигашот од Франкфурт. Но во 27 натпревари одиграни за Реал, Јовиќ успеа да реализира само 2 погодока и си го осигура четвртото место на листава.

3. Веројатно нема некој што не се сеќава на трансферот на Андри Шевченко од Милан во Челзи во 2006 година. Голгетерот со 173 погодоци во редовите на Милан и добитник на Златна топка во 2004 година се пресели на Стемфорд Бриџ за 30 милиони фунти. И погреши. Во дресот на сините ја затресе мрежата само 9 пати, а се зборуваше дека неговиот ангажман е по желба на сопственикот на клубот, Роман Абрамовиќ но против желбите на Мурињо.

Happy birthday to former Chelsea man Andriy Shevchenko. 38 today...

Posted by Chelsea Football Club on Monday, September 29, 2014

2. Второто место на листата најлоши трансфери го делат две не многу паметни зделки на Барселона. Каталонскиот клуб ги доведе Дембеле од Борусија Дортмунд и Кутињо од Ливерпул за по 105 милиони евра секој (секој над 140 милиони со бонуси). Дембеле пропушти неверојатни 85 меча што поради повреди што поради проблеми со дисциплина додека Кутињо пак, покрај очајните настапи во Ла лига, се смета дека му кумуваше на испаѓањето на Барса од Лигата на шампиони минатата година.

1. На врвот на оваа листа заслужено е трансферот на Еден Азар од Челзи во Реал во 2019. Неверојатни 146 милиони евра (со бонуси) достигна сумата со која Реал го донесе Азар во своите редови, а можеа да почекаат една година и да го добијат без надомест. Во цела сезона 2019/2020 тој за кралевите постигна само еден гол, се бореше со повреди и со покачени килограми, а го навлече и гневот на фановите затоа што откако Челзи го исфрли Реал Мадрид од Лигата на шампиони, Азар се смееше и шегуваше на теренот со поранешните соиграчи.

🤝 Real Madrid C.F. president Florentino Pérez and Eden Hazard. Eden Hazard y Florentino Pérez, presidente del Real Madrid C.F.. #WelcomeHazard | #RealMadrid

Posted by Real Madrid C.F. on Thursday, June 13, 2019

Испуштивме ли некој катастрофален трансфер? Кое е според вас најголемото трансфер промашување во фудбалска Европа?

TRT Balkan / агенции
Популарни