Избраниците на Винченцо Монтела вчера ја победија Летонија со 4:0 и го потврдија пласманот на ЕП / Photo: AA

Репрезентациите на Туркије, Шпанија и Шкотска по вчерашните квалификациски натпревари обезбедија пласман на Европското првенство кое ќе се игра во Германија во 2024 година.

Во групата А се е решено, Шпанија и Шкотска одат на ЕП.

„Црвената фурија“ ја совлада Норвешка со 1:0 на „Улевал стадионот“ во Осло со голот на Гави во 49. минута, па јасно е дека заедно со островјаните ќе одат во Германија.

Имено, лидерите во групата А имаат по 15 бода од шест натпревари, додека Норвешка остана на 10, а останува само уште еден натпревар.

Тоа значи дека најдобриот фудбалер во Европа по избор на УЕФА, Ерлинг Халанд не успеа да стигне до големото натпреварување ниту во третиот квалификациски циклус со А репрезентацијата.

Се уште има надеж за напаѓачот на Манчестер Сити, но таа е многу слаба, бидејќи Норвежаните би морале да бидат меѓу четирите најдобри селекции од Б Лигата на нации, кои не се пласираа на ЕП преку квалификациите за да играат плеј-оф.

А пред нив се Босна и Херцеговина и Исланд кои сигурно нема да бидат меѓу првите две селекции во квалификациите, а многу веројатно нема да бидат ниту Израел, Финска и Украина, можеби ни Србија...

Со бод на гостински терен во Варшава (1:1), храбрата Молдавија остана во игра за првите две места во групата Е, во која Албанија води пред Чешка и Полска.

Чекор кон Евро 2024 направи Романија, која триумфираше над слабата Андора (4:0) и ја престигна Швајцарија на првото место од групата И.

Сепак, нема да им биде лесно бидејќи до крајот играат со два директни ривали за пласман на ЕП, Израел и Швајцарија.

Хрватските фудбалери за само 72 часа дојдоа од веќе видениот пласман на ЕП до ситуација ништо да не зависи од нив во групата Д.

Три дена по киксот на Доминик Ливаковиќ и поразот од Туркије на „Опус арената“ во Осиек, вчера загубија и на гостувањето кај Велс со 2:1, па едно од првите две места им се сѐ подалеку. На гостите им пресуди крилниот напаѓач на Фулам, Хари Вилсон со двата одлични гола во 47. минута пак по кикс на Ливаковиќ.

Хрватскиот голман претходно бранеше одлично, но пак непотребно истрча и беше лобуван од Вилсон, кој во 61. минута погоди со глава за 2:0. И во двата случаи Велшанецот ми избега на бавниот Домагој Вида.

Марио Пашалиќ само го ублажи поразот во 75. минута.

Велшаните сега имаат ист учинок како Хрватите - 10 бода од шест натпревари, но и подобар меќусебен скор, бидејќи ремизираа на „Пољуд“ во Сплит (1:1). Прва е Туркије со 16 бода, но и натпревар повеќе.

Избраниците на Винченцо Монтела вчера ја победија Летонија со 4:0 и го потврдија пласманот на ЕП.

Имено, и да загубат од Велс, а тимот од Островот и Хрватите забележат по две победи, Туркије пак би биле втори на табелата, а Хрватите трети.

Причината за ова е што избраниците на Златко Далиќ освоија четири бода во мечот со ривалите за првите две места, колку што досега собрале Велшаните, а Турците шест.

Доколку не биде меѓу првите две екипи во групата Д, освојувачот на бронзениот медал на Светското првенство во Катар ќе треба да игра плејоф со екипи од Лигата на нации А, во која годинава го освои второто место.

Хрватите до крај ќе играат со Летонија на гости и со Ерменија дома, која во следното коло ќе се сретне со Велс.

TRT Balkan / агенции
Популарни