Турски репрезентативци освоија шест медали на Европа џудо купот

Турски репрезентативци освоија шест медали на Европа џудо купот

Од турскиот табор денес бронзен медал освои Кубранур Есир во категоријата +78 килограми.
Турски репрезентативци освоија шест медали на Европа џудо купот / Photo: AA

Турски репрезентативци со успешни настапи освоија вкупно шест медали во два дена на Европа џудо купот за сениори во Источно Сараево во Босна и Херцеговина.

Претходниот ден турските натпреварувачи на престижното натпреварување на Европа купот освоија пет медали.

Зелиха Џинси во категоријата 52 килограми освои сребро, бронзени медали освоија Мелиса Арслан (48 кг.) Минел Акдениз (63 кг.), Ајтен Јексан (63 кг.) и Абдулах Беркин Озџан (66 кг.).

Џинси до среброто дојде со победата на џудистката Била Петровиќ од БиХ, Алесиа Тедеши од Италија и Марта Курас од Полска, а во финалето е поразена од Ања Стагар од Словенија. Арслан до бронзениот медал дојде со победата на Сабина Селецки од Унгарија, додека Јексен во борбата за истиот медал беше подобра од Роса Алсгард од Норвешка. Акдениз пак беше подобра од Германката Малин Фишер, додек Озџан беше подбоар од Пиотр Зендер од Полска.

Од турскиот табор денес бронзен медал освои Кубранур Есир во категоријата +78 килограми.

Вториот натпреварувачки ден на Европа џудо купот за сениори во Источно Сараево се одвива во доминација на германските натпреварувачи кои настапија во пет од седум финални натпревари.

Репрезентативците на Германија ја освоија титулата за најуспешна селекција, а наптреварувањето го завршија со четири златни, шест сребрени и еден бронзен медал.

На второ место е Азербејџан (три златни, едно сребро, две бронзи), а следува Словенија со два златни и едено сребрено одликување. Националниот тим на Босна и Херцеговина натпреварувањето го заврши на четврто место од вкупно 25 селекции со два златни и еден бронзен медал.

TRT Balkan / агенции
Популарни